Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин нареди блокада на фабриката Азовстал „за да не може ни птица да прелета“

0
By Biljana on April 21, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи напорите на руските сили да го заземат Мариупол за „успешни“, но им нареди на руските сили да застанат пред опколената фабрика за челик Азовстал во градот и да ја блокираат „за да не може ни птица да прелета“.

На средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Путин рече: „Завршувањето на воената задача за ослободување на Мариупол е големо достигнување, ви честитам“.

Украинските сили сè уште ја држат фабриката Азовстал во југоисточниот пристанишен град и Шојгу му рекол на Путин дека на руските сили ќе им требаат три или четири дена да ја преземат фабриката.

Путин потоа рече дека руските сили „мора да размислуваат за зачувување на животот и здравјето на војниците и офицерите“, додавајќи:

Нема потреба да се качувате во овие катакомби и да ползите под земја низ овие индустриски капацитети. Блокирајте ја оваа индустриска област за да не може да помине птица“, рече тој.

„Да господине“, одговори Шојгу.

Путин рече дека Русија ќе им понуди на украинските бранители кои се уште се во фабриката да го положат оружјето.

„Руската страна ги гарантира нивните животи и пристоен третман во согласност со релевантните меѓународни правни акти“, рече тој. „Сите што ќе бидат повредени ќе добијат квалификувана медицинска помош.

Украинските команданти на теренот рекоа дека руските сили не ги почитувале договорите за отворање хуманитарни коридори или за спроведување на прекини на огнот и продолжиле да го бомбардираат градот.

Пристанишниот град е речиси целосно уништен од неколкунеделното руско бомбардирање, а десетици илјади цивили сè уште чекаат евакуација, според украинските власти.

Во изјавата во четвртокот, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ја повика руската страна да отвори коридор за евакуација од Азовстал. „Таму сега има околу 1.000 цивили и 500 ранети војници“, рече таа.

„Сите тие треба да бидат евакуирани од Азовстал денес! Ги повикувам светските лидери и меѓународната заедница да ги фокусираат своите напори на Азовстал сега. Тоа е клучна точка и клучен момент за хуманитарните напори сега!“

вести Путин Русија Свет Украина Шојгу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.