Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин сака „итни“ разговори со НАТО и со САД за руските безбедносни гаранции

0
By Sashko on December 14, 2021 СВЕТ
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на „итни“ преговори со НАТО и со САД за руските безбедносни гаранции во услови на тензии околу Украина.

Владимир Путин ја истакна потребата од итно почнување преговори со САД и НАТО со цел да се утврдат правните гаранции за безбедноста на нашата земја и да се спречи идното проширување на Алијансата на исток и распоредувањето на вооружените системи во Украина и соседните земји што би биле закана за Русија, се наведува во соопштението на Кремљ објавено по телефонскиот разговор на Владимир Путин со финскиот претседател Саули Ниист, чија земја е долгогодишен посредник меѓу Русија и западните ривали.

На нивната последна онлајн средба, минатата недела, рускиот претседател побара од американскиот колега Џо Бајден правни гаранции за да се исклучи какво било ново проширување на НАТО, бидејќи Москва смета дека Западот го прекршил своето ветување со отворањето на вратите на Алијансата за земјите од Источна Европа и поранешниот СССР, по распадот на Советскиот Сојуз.

Во таа смисла, евентуалното членство на Киев во Алијансата Русија ќе го смета за црвена линија.

Русија го анектира Крим, украинскиот полуостров, како одговор на прозападната револуција во 2014 година, а Западот во моментот се сомнева дека Русија подготвува нова инвазија на Украина и трупа свои сили на заедничката граница.

Кремљ ги негира обвинувањата и, напротив,  тврди дека НАТО и се заканува на Русија со вооружувањето на Киев и распоредување на се поголем број воздушни и поморски сили во областа на Црното Море.

Путин, исто така, ги обвини украинските власти дека го прекршуваат договорот од Минск, кој содржи насоки за воспоставување мир во источна Украина (Донбас), каде Киев речиси осум години војува со проруските бунтовници, за кои се верува дека добиваат наредби од Кремљ.

безбедност Владимир Путин гаранции НАТО Русија САД Свет тензии Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.