Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радичевиќ по Мец: Срамен пораз, во одбрана бевме катастрофа

0
By Нова ТВ on March 5, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 5, 2017 20:42

Мец остави солиден впечаток во Скопје, но кој ли само можеше да очекува дека ЖРК Вардар ќе биде така разнесен во реваншот. Француската екипа ги потопи, до пред две кола, неприкосновените девојки со 42:28 и ги симна од врвот на табелата во групата 1 во женската ракометна Лига на шампиони.

„Црвено-црните“ беа надиграни во целост во најголем дел од натпревар. По тајм-аутот при резултат 5:8 за првакот на Македонија, следуваше серија од 5:0 на домашната екипа како почеток на најавата за „мелење“ на вардарки. Од тој момент влегоа во противничката машина и, особено во второто полувреме, беа прегазени за втор пораз во низа, втор во сезоната и најтежок во елитното натпреварување.

„Срам ни е што загубивме со толкава разлика. Со толку промашени зицери не може да се добие натпревар. Постигнавме 28 гола што не се малку, но примивме 42. Што е многу, многу е. Заклучок е дека одигравме катастрофално во одбрана. Вакви денови се можни, се случуваат во спортот меѓутоа мора да се разбудиме“, самокритична е Црногорката Јованка Радичевиќ, стрелец на три гола во катастрофалниот пораз од Мец.

За ЖРК Вардар е одамна јасно дека е четвртфиналист. Но, дилемата што одеднаш се актуелизира е дали како први или втори во групата, односно, дали за ривал ќе биде четвртопласираниот Митјиланд од групата 2 или романски ЧСМ Букурешт на третата позиција. Расплетот ќе биде познат по последното коло во кое „црвено-црните“ на гости го чекаат Тирингер додека новиот лидер во конкуренцијата, Ференцварош ќе игра во Будимпешта со Будуќност.

„Го одигравме најлошиот натпревар досега. Минатата недела беше друг проблем и мислите беа на друга страна. Очигледно е дека не можеме добро да одговориме кога противникот игра во формација 6-0 во одбрана. Шансите за прво место во групата сè уште се присутни“, истакна Давид Дејвис.

И на крај за стрелците. Вардар повторно прими двоцифрен број голови од една противничка ракометарка. Пред седум дена Катарина Булатовиќ ја „изрешета“ мрежата на „црвено-црните“ дури 14 пати, попладнево 12 гола постигна словенечката репрезентативка Ана Грос која притоа промаши само два пати. Нејзина најголема поддршка во нападот беше Ксенија Смитс со осум погодоци од исто толку упатени шутеви. Меѓу вардарки најефикасна беше Андреа Пенезиќ со 10 гола.

Мец – ЖРК Вардар 42:28 (19:16)

Сала: „Мец арена“ во Мец. Гледачи: 4.600. Судии: Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија

Мец: Глосер, Рајчиќ 1, Грос 12, Заади Дона 4, Флипе 2, Кано, Носанди, Хорачек 2, Н’Диае 2, Поп-Лазиќ 2, Смитс 8, Сајка, Мобо 3, Лусијано 4, Остин 2, Бурле. Тренер: Емануел Мајонаде.

Седмерци: 5/5. Исклучувања: 4 минути. Технички грешки: 6.

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Песоа, Радичевиќ 3, Херем 2, Мавсар 2, Дамњановиќ, Лазович 3, Алтхаус 2, Илјина, Пенезиќ 10, Лакрабер 2, Хмирова 1, Лекиќ 1, Ристовска 2. Тренер: Давид Дејвис.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 12 минути. Технички грешки: 6.

Лига на шампиони

Група 1

Резултати, 9 коло

Мец – ЖРК Вардар 42:28

Будуќност – Астраханочка 38:20

Тирингер – Ференцварош 29:29

Табела: Ференцварош 14, ЖРК Вардар 13, Будуќност 12, Мец 8, Тирингер 5, Астраханочка 2.

Идно коло (11 март): ЖРК Вардар – Тирингер, Ференцварош – Будуќност, Астраханочка – Мец

Група 2

Резултати, 9 коло

Ѓер – Есбјерг 33:22

Митјиланд – Ларвик 24:28

ЧСМ Букурешт – Крим 28:26

Табела: Ѓер 15, Ларвик 12, ЧСМ Букурешт 9, Митјиланд 8, Крим 6, Есбјерг 4.

Идно коло (11/12 март): Крим – Митјиланд, Есбјерг – ЧСМ Букурешт, Ларвик – Ѓер.

ЖРК Вардар Јованка Радичевиќ Лига на шампиони Мец ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.