Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Трета титула за Ѓер, Вардар ќе мора да почека на првата

0
By Нова ТВ on May 7, 2017 СПОРТ
Фото: ehffinal4.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 7, 2017 20:39

Ѓер ја освои третата титула во ракометната Лига на шампиони, ЖРК Вардар ќе мора да причека на првата. Унгарскиот тим, кој важи за учесник со најголем буџет во елитното натпреварување, го совлада македонскиот првак со 31:30 по продолженија во финалната пресметка во „Ласло Пап“ арена во Будимпешта што траеше 70 минути. Победникот се решаваше низ двете петминутни екстра периоди по нерешените 26:26 во основниот час игра. Бронзениот медал го понесе ЧСМ Букурешт кој совлада Будуќност со 26:20 во меч за третото место.

Гербиц со седум гола и Мерк и Грот со шест беа лидери на Ѓер меѓу чии стативи се истакна фантастичната норвешка голманка Кари Алвик Гримсбо. По шест гола за вардарки реализираа Алтхаус и Лакрабер, по два помалку од нив прослација Лекиќ, Пенезиќ и Радичевиќ.

Фото: zrkvardar.mk

Екипата со најдобра одбрана ја совлада екипата со најдобар нападот во Лигата на шампиони во оваа сезона. Ѓер одигра страшно добро во дефанзива, особено во првото полувреме во кое „црвено-црните“ не постигнаа гол цели десет минути. Мрежата на Гримсбо како да беше маѓепсана за вардарки, период во кој домашните успеаја до се одлепат на три гола и со 15:12 да заминат на одмор.

Продолжението на теренот ги донесе сите предуслови за давање на идентичен одговор. Вардарки ја стегнаа одбраната, кон средината на второто полувреме се разбрани и Мајда Пешоа, затворени беа Анита Гербиц, девојката со решение за секоја ситуација, и Нора Мерк, а во нападот почнаа да стигнувааат топки до Ања Алтхаус на линијата од шест метри. По водството на почетокот со 1:0 и 3:2, македонскиот шампион дури во финишот успеа до резултатски егал. За израмнување на 26:26 се погрижи Тамара Мавсар, па дури и напад за победа што, сепак, не беше реализиран по досуденото пробивање на Унгарките.

Фото: zrkvardar.mk

Ѓер во продолженијата наликуваше на изданието од првото полувреме. Ја презеде иницијативата и водството на семафорот, а ЖРК Вардар и покрај желбата, упорноста и смиреноста, не успеа да ја пролонгира промоцијата на новиот владетел во европскиот женски ракомет.

Простор за разочарување нема. По трите бронзени медали, „црвено-црните“ за првпат заиграа во финале во кое ја доживеаја судбината на Кометал Ѓ.П. И ѓорчепетровки беа поразени од Слагелсе во премиерното учество во меч за титулата во ЛШ по стариот натпреварувачки формат (финалето се играше по принципот дома-гости), за веќе во наредната сезона да стигнат до најголемиот успех во клупската историја по средбите со Ференцварош.

Ѓер – ЖРК Вардар 31:30 по продолженија – 26:26 во основниот дел (полувреме 15:12)

Арена: „Ласло Пап“ во Будимпешта. Гледачи: 12.000. Судии: Карина Кристијансен и Лине Хеселдал Хансен (двете од Данска).

Ѓер: Киш, Гримсбо (16 одбрани), Кнедликова 2, Худак, Харсфалви, Мерк 6, Корсош, Гербиц 7, Пал, Аморим Талеска 3, Томори 3, Грот 6, Брох 2, Боди 2, Пухалак, Елгауи. Тренер: Амброс Мартин.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 12 минути. Технички грешки: 6.

ЖРК Вардар: Лејно (3 одбрани), Суслина (4 одбрани), Пешоа (5 одбрани), Радичевиќ 4, Кликовац, Херем 2, Мавсар 3, Дамњановиќ, Лазович 1, Алтхаус 6, Пенезиќ 4, Човиќ, Лакрабер 6, Хмирова, Лекиќ 4, Ристовска. Тренер: Ирина Дибирова/Едуард Кокшаров.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 10 минути. Технички грешки: 3.

Будимпешта Ѓер ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.