Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар наострен за ППД Загреб како да е финале

0
By Нова ТВ on February 11, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 11, 2017 08:04

Ракометарите на Вардар сè уште имаат шанси за прво место во Б конкуренцијата што значи и директен пласман во четврт-финалето во Лигата на шампиони. Во завршницата на групната фаза (остануваат уште пет кола) влегуваат од четвртата позиција на табелата со 12 бода, два помалку од лидерот и бранител на титулата Кјелце и еден од ПИК Сегед и Рајн Некар Левен на второто, односно, третото место. Затоа е важен секој бода од можните 10 до крајот, а првиот настап по зимската пауза го имаат попладнево на домашен терен против ППД Загреб (17.30 ч., СЦ „Јане Сандански“).

„Треба да одиграме со 100 отсто. Не се сомневам дека ќе биде така бидејќи сум задоволен како трениравме цела недела. Се надевам дека ќе играме пред полни трибини затоа што поддршката нѝ е потребна. Ако сакаме да успееме, дома не смееме да загубиме“, вели Раул Гонзалез, тренер на вардарци.

Денешната средба на Вардар и ППД Загреб е четврта меѓусебна во оваа сезона. Хрватскиот првак славеше како домаќин во СЕХА лигата со 28:26 и во ЛШ со 28:27 во петтото коло кога беше прекината победничката низа на „црвено-црните“. Македонскиот, пак, го доби дуелот во Скопје во рамки на регионалното натпреварување со 32:31.

„Кога се подготвуваме за меч во Лигата на шампиони, тоа изгледа како да се подготвуваме за финале. Фокусирани сме на нас, противникот го респектираме без притоа да се оптоваруваме во кој состав ќе игра“, додава вардаровиот стратег.

Покрај трите натпревари од септември наваму, Вардар и ППД Загреб се пресметаа уште шест пати претходно. „Црвено-црните“ имаат две победи (33:24 и 32:29) за разлика од трите на „плинарите“ (30:25, 25:22 и 34:26 – единствена во Скопје), а еден меч заврши без победник (28:28). Металург го совлада хрватскиот состав во средата во СЕХА конкуренцијата со 25:22, но вардарци со порака дека нема да дозволат тој меч да ги залаже, а ќе ги потиснат и останатите меѓусебни.

„Да заборавиме се што досега сме играле против нив. Да заборавиме и дека загубија од Металург. Концентрирани сме на ова што нè очекува денеска. Можеби некој ќе помисли дека ќе биде лесно со што јас не се согласувам. Ќе дадаме максимум да победиме. Не смееме да дозволиме нов кикс на домашен терен како со Рајн Некар“, предупредува Стојанче Стоилов.

Веќе се одиграа два меча од 10. коло во групата Б. Рајн Некар Левен во дербито го победи Кјелце со 28:25, а Мешков Брест пред своите гледачи го совлада ПИК Сегед со 25:23. Покрај мечот Вардар – ППД Загреб денеска ќе играат и Целје – Кристијанштад.

Вардар Лига на шампиони ППД Загреб ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.