Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар против Загреб за „пет од пет“

0
By Нова ТВ on October 22, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 22, 2016 18:27

Ракометарите на Вардар имаат една желба за вечерашниот настап во хрватскиот главен град. Посакуваат победа против ППД Загреб во петтото коло во групата во Лигата на шампиони за продолжување на импресивната низа во натпреварувањето што трае 240 минути или вкупни 12 меча во новата сезона со оние во СЕХА лигата.

„Во иста ситуација сме како и лани. И тогаш заминавме со четири победи кај тимот на Колдинг кој немаше ниту еден бод дотогаш, а ние загубивме. Се надевам дека лекцијата е научена“, смета Раул Гонзалез, тренер на Вардар.

Вардар и Загреб по вторпат ќе играат во оваа сезона по 32:31 за „црвено-црните“ во Скопје минатиот месец во регионалната лига. Ако, пак, се земат предвид само меѓусебните дуели во Европа, ова ќе биде нивна седма. Четири од претходните шест беа во Лигата на шампиони во 2002 година и во 2007 година и две во полуфиналето во  КПК во 2005 година.

Фото: rkvardar.mk
Фото: rkvardar.mk

Традицијата е на страна на хрватскиот првак. Загреб има четири победи, реми и пораз, но претстојниот меч го чека во турбулентен период за клубот. Среде недела се раздели со тренерот Веселин Вујовиќ, на негово место е поставен Силвио Ивандија кој ќе се обиде да најде начин за психолошко подигнување на играчите по четирите порази досега. Колку тоа може да биде добар или лош момент по вардарци, Гонзалез со свое видување пришто нагласува потреба од крајна внимателност. Еве и зошто така смета Шпанецот.

„Кога една екипа има нов тренер, тогаш играчите сакаат да се наметнат и тој да се покаже. Згора на тоа, Загреб е домаќин и како секогаш игра пред полни трибини. Треба да бидеме претпазливи. Имаме мал притисок бидејќи сме фаворити во овој дуел. Затоа мора целосно да се фокусираме и да работиме за победа“

 

 

Вардар Лига на шампиони ППД Загреб ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.