Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: ЖРК Вардар со рекордна седма победа во низа

0
By Нова ТВ on February 4, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 4, 2017 19:39

Македонскиот женски ракометен првак Вардар остана непоразен и во осмиот настап во Лигата на шампиони во оваа сезона. Совладан е Мец со 23:21 на многу потежок начин одошто се очекуваше и помислуваше. Бодовите на крајот и висеа, но, сепак, останаа во СЦ „Јане Сандански“. Вардарки се први на табелата во групата 1 со 11 бода, два повеќе од унгарски Ференцварош и во наредното коло ќе гостуваат во Германија кај екипата на Тирингер.

Сања Дамњановиќ беше најефикасна во мечот со пет гола, четири за победничката екипа постигнаа Александра Лакрабер. Словенечката репрезентативка Ана Грос реализира пет за гостинките од Франција, по четири пати меѓу стрелците се впишаа Србинката Слаѓана Поп-Лазиќ и Германката Ксенија Смитс.

Фото: zrkvardar.mk

Французинките ја потврдија дефанзивната репутација со која допатуваа во Скопје. Нивната одлична игра во одбрана го запре најдобриот напад во ЛШ на само 23 гола. Во втората половина од воведните 30 минути и во најголем дел од второто полувреме беа во подредена улога. И покрај тоа се најдоа во позиција да бидат втора екипа по Ференцварош што ќе замине непоразена од СЦ „Јане Сандански“ во што, за среќа на „црвено-црните“, не успеаја.

Вардарки имаа пет гола предност во неколку наврати меѓутоа и осцилациите што се пројавија придонесоа Мец да се врати во игра за бод. Во завршницата се влезе со 22:21. Лакрабер не реализира пенал на 30 секунди до крајот, а Мец напад за израмнување. Точка на неизвесноста стави Јованка Радичевиќ кој од сопствената половина го погоди празниот противнички гол за конечни 23:21 и седма победа во низа.

ЖРК Вардар го заврши мечот без Андреа Пенезчиќ. Репрезентативката на Хрватска се повреди во 52 минута, го напушти теренот и не се врати повеќе во игра.

ЖРК Вардар – Мец 23:21 (13:11)

Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 2.500. Судии: Игор Ковалчик и Алексе Ковалчук од Молдавија.

ЖРК Вардар: Лејно, Песоа, Суслина, Радичевиќ 3, Кликовац, Херем, Мавсар 2, Дамњановиќ 5, Лазович, Алтхаус 3, Пенезиќ 3, Човиќ, Лакрабер 4, Хмирова 2, Лекиќ 1, Ристовска. Тренер: Давид Дејвис.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 11.

Мец: Глосер 1, Рајчиќ, Едвиге, Грос 5, Заади 1, Канор 1, Ноканди, Хорачек 1, Поп-Лазиќ 4, Смитс 4, Сајка 1, Мобо, Лусијано 3, Остин, Бурле. Тренер: Емануел Мајонаде.

Седмерци: 1/3. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 6.

Лига на шампиони

Група 1, 2 коло

ЖРК Вардар – Мец 23:21

Астраханочка – Будуќност 21:34

Ференцварош – Тирингер 32:24

Табела: ЖРК Вардар 11, Ференцварош 9, Будуќност 8, Мец 4, Тирингер 4, Астраханочка 0.

ЖРК Вардар Лига на шампиони Мец ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.