Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Репрезентативен кам-бек на Прибак, деби повик за Цветковски

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 6, 2017 18:28

Работа, работа и само работа планира селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, за неделата на ЕХФ од 23 до 29 октомври. Тренинзи, воигрување и тим билдинг е во агендата на Шпанецот за националите за кои овојпат нема предвидено никакви натпреварувачки активности. Но, и без нив, собирот ќе биде корисен и се става во функција на Европското првенство во Хрватска од 12 до 28 јануари во 2018 година во кое „црвено-жолтите“ ќе имаат пресметки со Германија, со Црна Гора и со Словенија во рамки на групата Ц (Загреб).

За таа цел Гонзалез објави список со 21 ракометар за шесте работни дена во Скопје. Меѓу нив по еден повратник, ако може така да се каже за Немања Прибак, и дебитант (Јане Цветковски). Ако за бекот на Бешикташ е запозната јавноста и не е изненадување што се враќа во замислите на предводникот на националниот тим, тогаш 30 годишниот голман на шведски Истадс е енигма.

Тинекс Пролет е единствениот клуб за кој настапувал Цветковски во домашната сцена. Голот на македонскиот суперлигаш го бранеше од 2007 година до 2014 година пред да заплива во интернационални води. Прва негова дестинација во странство беше словачки АГРО Тополчани (сезона 2014-2015), потоа Босна (сезона 2015-2016) и Хелсингборг (сезона 2016-2017) пред да потпише за двократниот шампион од југот на Шведска од 1976 година и 1992 година.

Список на повикани ракометари во мапката репрезентација на Македонија за ЕХФ неделата од 23 до 29 октомври  

Голмани: Борко Ристовски (Барселона/Шпанија), Никола Митревски (Доброгеа Констанца/Романија), Златко Даскаловски (Политехника Темишвар/Романија), Јане Цветковски (Истадс/Шведска)

Крила: Дејан Манасков (Веспрем/Унгарија), Гоце Ојлески (Еурофарм Работник), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт/Романија), Мартин Поповски (Вардар)

Бекови: Филип Талески (Рајн Некар Левен/Германија), Филип Кузмановски (Металург), Марко Нелоски (Кобург/Германија), Филип Лазаров (Бешикташ/Турција), Кирил Лазаров (Нант/Франција), Мартин Велковски (Металург), Филип Миркуловски (Вецлар/Германија), Немања Прибак (Бешикташ/Турција)

Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази/Унгарија), Жарко Пешевски (Металург)

Дефанзивци: Велко Маркоски (Доброгеа Констанца/Романија), Аце Јоноски (Ратинген/Германија)

Јане Цветковски Македонија Подготовки ракомет Раул Гонзалез репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.