Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Вардарки со Тирингер за нова потврда на доминацијата во ЛШ

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар посакува трансфер во главната групна фаза во Лигата на шампиони со максимален ефект. Засега го има по петте меча (по два против Ференцварош и Ларвик и еден со Тирингер), но интенција е да го задржат и по вечерашниот реванш со бундеслигашот (СЦ „Јане Сандански“, 19 ч.) во шестото, последно, коло во Ц конкуренцијата.

„Особено важен меч за нас. Бодовите ни требаат бидејќи сакаме што повеќе да пренесеме во наредната фаза. Не ги потценуваме Тирингер иако во Германија го победивме со осум гола разлика. Имаат добра екипа и, секако, и тие како и ние посакуваат бодови за подобар влез во главната фаза. Можам да ветам борба во текот на сите 60 минути и надеж дека ќе биде доволна за радост на навивачите“, порача Ирина Дибирова, тренер на ЖРК Вардар.

Слична најава за натпреварот и од црногорската репрезентативка, Јованка Радичевиќ која нагласува потреба од максимално сериозен пристап во обидот за впишување на нови бодови на контото на „црвено-црните“.

„Ништо не значи победата во Германија ако и сега не ги сфатиме сериозно. Нема да биде лесно, но победата, сепак, е единствена опција за нас кко што е случај во секој натпревар. Мора да останеме смирени и фокусирани бидејќи Тирингер е екипа што игра на исто ниво без оглед дали е во улога на домаќин или гостин. Клучот за успех ќе биде играта во одбрана“, изјави Радичевиќ во пресрет на мечот.

Вардарки ќе атакуваат вечерва на шеста победа во групата Ц без поддршка на повредените Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска. Доколку успеат во победничките намери, „црено-црните“ ќе пренесат осум бода во главната фаза во ЛШ во која во јануари и февруари ќе се соочат со најдобрите три екипи од групата Д, позиции што моментно ги држат Мец, Битигхајм и Будуќност.

ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет Тирингер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.