Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометните кадети победија, Брестовац незадоволен: Не сме свои, играме во грч

0
By Нова ТВ on August 9, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кадетската репрезентација на С. Македонија ја забележа првата победа на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години во Скопје. Во меч од второто коло во групата Ц е совладана Нигерија со 37:34 (полувреме 18:16), но освен резултатот, до драстично поправање на впечатокот по неочекуваниот пораз од Аргентина на стартот не дојде. Со ваквата констатација е согласен и селекторот Данило Брестовац кој нема одговор за грчот што го манифестираат неговите избраници.

„Победа е победа, но ова не е екипата што ја подготвувавме толку време. Две години работам со ракометарите, но ваква психолошка блокада во главите во два меча во низа досега немале. Играме со 20 отсто од реалните можните. Освен Костески, никој друг не беше на потребно ниво. Анализирам и укажувам на грешките, но повторно се провлекуваат. Немаме агресивност во нашата игра, едноставно не сме свои“, коментира Брестовац.

Прв стрелец во триумфот над Нигерија беше Костески кој постигна 13 гола, Серафимов додаде 10. Најефикасен во поразената селекција беше Екподио со 11 погодоци.

Нареден ривал на македонските ракометни кадети ќе биде Бахреин (СЦ „Борис Трајковски“, петок, 20.30 ч.).

СП во ракомет (У19) во машка конкуренција

Група А, 2 коло

С. Арабија – Словенија 22:30

Чиле – Хрватска 21:43

Норвешка – Шпанија 28:28

Табела: Хрватска 4 бода, Словенија 4, Шпанија 3, Норвешка 1, С. Арабија 0, Чиле 0.

Група Б, 2 коло

Канада – Унгарија 13:41

Тајван – Шведска 18:48

Египет – Франција 24:28

Табела: Унгарија 4 бода, Франција 4, Шведска 2, Египет 2, Тајван 0, Канада 0.

Група Ц, 2 коло

Нигерија – С. Македонија 34:37

Аргентина – Данска 19:29

Бахреин – Јапонија 27:24

Табела: Данска 4 бода, Бахреин 2, С. Македонија 2, Јапонија 2, Аргентина 2, Нигерија 0.

Група Д, 2 коло

Португалија – Србија 22:21

Бразил – Исланд 26:30

Тунис – Германија 15:36

Табела: Исланд 4 бода, Португалија 4, Германија 2, Србија 2, Бразил 0, Тунис 0.

Македонија Нигерија Ракомет (м) СП 2019 У19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.