Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама за австриски „Куриер“: Нема перспектива за Западен Балкан, ЕУ самата се држи како заложник на Балканот

0
By Sashko on October 7, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за австрискиот весник „Куриер“ изјави дека нема перспектива за Западен Балкан и дека Европската Унија (ЕУ) самата се држи како заложник на Балканот. Во интервјуто тој додава дека веќе има друга идеја за правилата на игра во ЕУ, нагласувајќи дека Албанија мора да ги прифати.

Не сум фрустриран, но научив. Сега има друга идеја за правилата на игра во ЕУ и мора да ги прифатиме. Не треба да се губи трпението и страста. Повеќе се работи за функционирање на Албанија како земја на ЕУ отколку за фактот дека Албанија е членка на Европската унија, изјавил Рама.

Тој одговара и на прашањето кои се правилата на играта.

Секогаш има врска со внатрешната политика во една или друга земја – членка на ЕУ. Она што важи денес нема зошто да се спроведува утре. Идентично е како и со временската прогноза. Ние во меѓувреме развивме техника која ни помага да го дешифрираме изборниот календар на ЕУ. Во зависност од профилот на една земја, може да се очекува извесно забавување на процесот на проширување на ЕУ по изборите, одговорил Рама.

На прашањето дали се чувствувате како еден вид заложник на националната политика во земјите од ЕУ, Рама вели дека не се чувствува заложник на ниту едно прашање, туку дека самата ЕУ е заложник на Балканот. Земјите од ЕУ, додава, не дејствуваат експлицитно кон нас, тие дејствуваат на овој начин и за самите себе.

Новинарот констатира дека приемот во ЕУ е пат кон никаде за Балканот и го прашува дали би можело да се замисли еден вид делумно решение за Албанија, значи, да не биде полноправна членка на ЕУ, туку да стане дел од Европска економска зона како Норвешка или Швајцарија.

Не, нема да се преговара за такво нешто. Албанија мора да стане целосно функционална земја – членка на ЕУ. Ние сме Европејци и никој друг не смее да го потврдува тоа. Опкружени сме со границите на ЕУ, а остатокот од одлучувањето ѝ припаѓа нејзе. Таа има право да каже како сака да се менаџира во нејзиниот дом, посочил Рама.

Шефот на албанската влада често го споредува чекањето пред вратата на ЕУ со драмата „Чекајќи го Годо“, а во интервјуто, според „Ора њуз“ го кажува и овој мрачен баланс: „Ништо нема да се промени во блиска иднина“.

Албанија Еди Рама ЕУ Западен Балкан интервју регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.