Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски и Мицкоски на „Телеграм“: Владата го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека врши притисок

0
By Нова ТВ on March 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телеграм преписка меѓу генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е објавена на официјалната интернет страница на Владата на Северна Македонија. Тема, како што може да се види од материјалот што излезе во јавност, е враќањето на македонските државјани од странство и нивно сместување во задолжителен државен карантин.

Делот од пораките на Мицкоски, како „срамота“, „лопови“, „ја пљачкате и уништувате државата“ и „добивање провизии“, се оквалификувани како „неосновани обвинувања и притисоци врз генералниот секретар Рашковски и кон луѓето кои го организираат авионскиот и автобуски превоз“.

„Владата на РСМ, во име отчетноста и отвореноста што секојдневно ја применува во својата јавна комуникација, во целост ја објавува комуникацијата меѓу Христијан Мицкоски и Драги Рашковски, како и сите информации, постапки и договори преку кои се врши организацијата на превозот за нашите граѓани од земјите во странство до Северна Македонија, транспортот од аеродромот до објект/хотел утврден како државен карантин и сместувањето во државниот карантин. Владата го повикува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски внимателно да ги погледне презентираните факти, да престане да врши притисок врз институциите, да престане да шири клевети дека помошта за граѓаните е срамотна и да ги употреби партиските ресурси кои се дел од техничката Влада и кои гласале ЗА ваквата помош за граѓаните, за вистински да помогне на земјата и на народот во овие тешки времиња“, е наведено во владиното соопштение.

Притоа се објаснува и постапката за организација на превозот и на државниот карантин за македонските граѓани што се одвива согласно одлуки и уредби на Владата изгласани и од министерот за внатрешни работи кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во објавата на владината интернет страница.

  1. Летовите од земјите од кои доаѓаат нашите сограѓани до Северна Македонија ги реализира авиокомпанијата „Визер“, компанија избрана по критериумот најниска цена, а пријавена на јавните повици на Владата. https://vlada.mk/node/20714 
  2. Секој македонски граѓанин кој се враќа во нашата земја со превозот кој го организира Владата има обврска самостојно да го плати авионскиот лет, при што вкупната цена на чартер летот која изнесува околу 32.000 евра се дели со бројот на патници сместени во авионот. За пример, цена на летот од Минхен до Скопје изнесуваше околу 190 евра по патник. (во прилог договорот за организирање авионски превоз меѓу Владата и секој граѓанин кој го користи превозот).
    Граѓаните кои се враќаат во земјава се контактирани од МНР ден претходно, при што ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.
  3. При слетување на аеродромот во Скопје, за граѓаните е организиран автобуски превоз од овластен автобуски превозник избран на јавен повик, со автобуси кои ги дезинфицира сертифицирана компанија. Патниците при слетувањето добиваат информација кон кој нумериран автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени. Понатаму автобусите се обезбедени со полициска придружба, а возачите се со скафандери и заштитна опрема. На повикот за оператор кој ќе обезбеди автобуски превоз за граѓаните од аеродромот до државните карантини, единствен понудувач беше компанијата “Вардар експрес”, компанија која ги исполни условите да располага со 20 автобуси во ист момент, имајќи предвид дека при слетување на два авиони во исто време, тоа е потребната бројка на превозни средства за вкупниот можен број на патници.
  4. Македонските граѓани сместени во државни карантини ги користат капацитетите на објекти/хотели кои се пријавиле на јавниот повик на Владата (https://vlada.mk/node/20642). Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла.

Граѓаните сместени во државните карантински објекти, се нагласува во соопштението на Владата, не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската.

„Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван“, се објаснува во соопштението на Владата.

Владата на РСМ порачува дека ќе продолжи отворено и навремено да ги објавува сите информации поврзани со справувањето со коронавирусот во нашата земја како врвен приоритет, а во исто време апелира до политичките партии да се откажат од дневното политичко профитерство. Истовремено, Владата апелира до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да престане да врши притисок и да клевети, да се вклучи во заедничката национална борба со коронавирусот, да ги достави сите предлози на неговата партија преку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, а доколку има каков било сомнеж или доказ за каква било злоупотреба, истиот веднаш да го пријави до инститиуциите на македонскиот систем.

Влада Драги Рашковски Карантин Коронавирус Македонија Телеграм Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.