Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разговорите на Мијалков и Тачи ќе се слушаат во судницата за Титаник 2

0
By Нова ТВ on November 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двата прислушувани разговори, од кои едниот е помеѓу поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој се слуша како се договараат за гласање во ДИК, ќе бидат дел од судската постапка за случајот на СЈО „Титаник 2“.

Како што потврдуваат од Апелациониот суд, судиите како и во претходните случаи одлучиле да го преиначат решението на Кривичниот суд кој ги одби бомбите и да дозволат прислушуваните разговори да бидат слушнати во судница.

Покрај Мијалков и Тачи во „Титаник 2“ се обвинети и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими и Сашо Срцев како и петмина судии од Управниот суд.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување поврзано со изборни нерегуларности. Апелација треба да одлучува и за жалбите на СЈО на одлуките на Кривичен бомбите да не бидат доказ и во предметите „Тортура“ и „Титаник“.

На јавна седница вчера СЈО ја образложуваше жалбата зошто бомбите треба да бидат доказ во предметот „Титаник 2“. Станува збор за два разговори од кои од едниот помеѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и Мендух Тачи се слуша како се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара Апелација да се води од досегашната пракса со која бомбите беа прифатени како доказ. Одбраната на обвинетите и обвинетите Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими и Сашо Срцев како и петтемина судии од Управниот суд не дојдоа на јавната седница.

Апелација бомби докази Титаник 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.