Близнаци, кои се родени во период од 15-тина минути, ќе слават родендени во различни денови, месеци и години, откако едното бебе се роди некоја секунда по полноќ.

Фатима Мадригал и Роберт Трухилјо, од Гринфилд во Калифорнија, ги дочекаа братчето и сестричката близнаци Алфредо и Ајлин во различни денови во медицинскиот центар Нативидад.

Алфредо дојде на свет во 23:45 часот на 31 декември, а Ајлин неколку секунди по полноќ, на 1 јануари, пренесува „Дејли меил“.

Мајката по породувањето рече дека е „лудо“ што нејзините близнаци че имаат различни родендени, но, истовремено, изрази и задоволство што Ајлин се родила ден подоцна.

Ова е дефинитивно еден од највпечатливите породувања во мојата кариера, рече докторка Ана Абрил Ариас од „Нативидад медикал груп“.

Секоја година во САД се раѓаат околу 120.000 близнаци, што претставува околу три отсто од вкупниот број на породувања, меѓутоа е исклучително ретко да се родат близнаци со различни родендени.