Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструкцијата на Владата по првомајските празници

29
By Нова ТВ on April 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 25, 2018 12:45

Разговорите и преговорите со политичките партии за реконструкција на Владата, се уште течат, но се при крај, Reа со конкретни информации за тоа каков ќе биде конечниот епилог премиерот Зоран Заев ќе излезе по првомајските празници.

Реконструкцијата на Владата, според првичните најави на премиерот, требаше да се случи кон крајот на месецов.

– Течат разговорите и преговорите. Повеќе ги користам викендите за оваа работа, бидејќи имам многу работа, гости во Македонија и слично. Ја се се надевам дека овој викенд веќе, како што завршува месец април и ќе привршуваме со оваа работа. По првомајските празници планирам да излезам со информирање на јавноста и со соопштување пред Парламентот за сето она што ќе претставува промени во Владиниот состав, а потоа и со промени на директорски места во одредени институции. Така да на крај сме со разговорите, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на годишната програма за вработување.

Прашан дали се знае кои партии ќе бидат вклучени во новиот владин состав, премиерот рече дека тоа се уште не е познато бидејќи органите и телата на партиите вклучени во разговорите треба да донесат конечни одлуки.

– Не, се уште не се знае оти постои веројатно постапка до почетокот на мај каде што органите и телата на сите партии ќе си ги донесат одлуките за тоа што Заев разговарал со другите партии. Ние сме само поединци, на крајот одлуки треба да донесат соодветни органи во зависност од обемот на промените кои што би се случиле, изјави Заев.

„Пролетно кадровско проветрување“ во Владата, Заев го најави кон крајот на февруари, а неколку недели подоцна, односно кон средината на март потврди дека ќе има реконструкција на владиниот кабинет и и дека почнуваат разговори за зголемување на парламентарното мнозинство.

Премиерот тогаш рече ќе се разговара со сите опозициски партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсолутно ќе разговараме со сите кои имаат намера да поддржат концепт на едно општество за сите, оние кои се придржуваат до вредностите на ова владејачко мнозинство“, изјави тогаш Заев.

Влада Зоран Заев политички партии преговори реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.