Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рим: New Europeans People’s Forum – детали од Конференцијата за обнова на Украина

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 11:03

„Заедно, можеме да обезбедиме Украина не само да се опорави, туку и да напредува – и правејќи го тоа, ќе изградиме посилна, побезбедна и пообединета Европа“, порача Кошта.

Конференцијата за обнова на Украина е годишен меѓународен настан посветен на приоритетите за обнова и реконструкција на Украина.

Овогодинешната конференција се одржува во Рим, а „New Europeans People’s Forum“  им се придружи на стотици гости на настанот во резиденцијата на британскиот амбасадор во пресрет на конференцијата за да ја изрази својата поддршка.

Успеавме да продолжиме да ја градиме меѓународната мрежа за поддршка на нашата иницијатива Вестминстерска алијанса за Украина, која ја продолжуваме со нашите партнерски организации Цивил – Центар за слобода, Медиумски дијалог, Здружението Жан Моне и Центро Студи Интернационали, изјавија од „New Europeans People’s Forum“.

Илјадници меѓународни гости, вклучувајќи шефови на држави и влади, учествуваа на конференцијата, која опфати широк спектар на прашања, од бизнис до човечки капитал, локален и регионален развој и реформи на ЕУ.

Конференцијата се одржува во услови на понатамошни интензивни напади со беспилотни летала и ракети. На конференцијата се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој ја поздрави и ѝ се заблагодари на конференцијата за главната објава, која вклучуваше вкупно ветување од над 10 милијарди евра (11,7 милијарди долари) за поддршка на економијата и инфраструктурата на Украина разурната од војната и за помош во закрепнувањето.

„Сега треба да изградиме коалиција за закрепнување. Нека ова биде моментот кога ќе го започнеме. Знаеме што уништи Русија и знаеме што ќе биде потребно за да се обнови Украина, украинскиот народ, нашите животи., рече Зеленски во своето обраќање.

Тој порача дека обновата на Украина е значајна за сите земји.

„Обновата на Украина не е само за нашата земја, туку и за вашите земји, вашите компании, вашата технологија, вашите работни места – начинот на кој ја обновуваме нашата земја може да ја модернизира и вашата инфраструктура и индустрии.“, порача Зеленски.

ЕУ беше силно претставена на конференцијата, а Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет, одржа воведен говор.

Во своите завршни зборови, Кошта рече:

„Иднината на Украина е во Европската Унија. Европската Унија е со Украина – за мир, за одбрана, за реконструкција и по целиот пат кон пристапување.“

„Заедно, можеме да обезбедиме Украина не само да се опорави, туку и да напредува – и правејќи го тоа, ќе изградиме посилна, побезбедна и пообединета Европа“, порача Кошта.

New European People’s Forum е иницијатива фокусирана на одбрана на демократијата и човековите права во Европа, фокусирана на промовирање на овие вредности низ целиот континент.

Овој форум служи како платформа за дискусија, соработка и застапување поврзани со овие фундаментални принципи.

New European People’s Forum неодамна ја започнавна програмата Вестминстерска алијанса за Украина, заедно со партнерските  организации Media dialogue и Цивил – Центар за слобода.

 

Извор: ЦивилМедиа.мк

колнференција Рим Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.