НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романците недораснати: Македонија со една нога на ракометното СП 2019

0
By Нова ТВ on June 10, 2018 СПОРТ
Фото: eurohandball.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка ракометна репрезентација е на праг на уште еден голем завршен турнир во континуитет. Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ е совладана селекцијата на Романија со 32:24 за, без малку, формален реванш во среда во Клуж.

Очигледен беше одличниот скаутинг на Раул Гонзалез за натпреварот. „Црвено-жолтите“ беа одлично подготвени за првото полувреме од мундијалскиот предизвик и во целост се оправдаа како фаворити. Освен во воведот во кој имаа негатива од два гола, во сиот преостанат дел ги потиснаа Романците во подредена улога и немилосрдно го полнеа нивниот гол.

Решавачкиот период, се чини, се случи во првата половина од првиот дел. Македонија „врза“ осум гола, се одлепи на 8:2 и дилемите на чија страна ќе заврши мечот ги распрска на најситни парчиња. Чави Пасквал се обиде со тајм аут да ја прекине серијата, но залудно. Домашните на полувреме заминаа со плус пет (15:10), до крајот додадоа уште три и може слободно да се прогласат за учесници на турнирот во јануари во заедничка организација на Данска и на Германија.

Кире Лазаров беше најефикасен на средбата со осум гола, два повеќе од Дејан Манасков. Стојанче Стоилов додаде три, а голем удел во убедливиот триумф имаше голманот Борко Ристовски со своите 15 интервенции. Прв стрелец во поразената репрезентација беше Дан Емил Ракотеа со пет погодоци, еден повеќе од Валентин Маријан Јонеа.

Баражи за СП 2019 во Данска и во Германија

Резултати, први мечеви

Македонија – Романија 32:24

Србија – Португалија 28:21

Белорусија – Австрија 28:28

Литванија – Исланд 27:27

Словенија – Унгарија 24:29

Хрватска – Црна Гора 32:19

Норвешка – Швајцарија 32:26

Холандија – Шведска 25:24

Литванија – Чешка 27:26

Бараж Македонија ракомет репрезентација Романија СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.