Шпанија изрече двегодишна условна затворска казна за Кристијано Роналдо, а ѕвездата на мадридски Реал ќе треба да плати и казна од 18,8 милиони евра за затајување данок. Капитенот на португалската репрезентација, наведуваат медиумите попладнево, на крајот ја прифатил вината и прифатил спогодба со шпанските даночни власти. Одлуката на судот во Шпанија доаѓа на нецели три часа пред фудбалската пресметка на пиринејските соседи на Светското фудбалско првенство во Русија.

Шпанскиот весник „Мундо“ во објавата на веста нагласува дека Роналдо нема да оди зад решетки туку ќе биде на условна слобода. Португалецот се товареше за оштетување на шпанската државна каса за 14,7 милиони евра по основа на данок на приход пришто, преку своите правни застапници ги негираше обвинувањата.