Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот до Македонија и Грција: Не ставајте црвени линии

0
By Нова ТВ on February 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот им порача на Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот околу името, предупредувајќи на ризикот од испуштање на моменталната шанса.

– Мошне сум задоволен од гестовите во рамки на мерките за градење доверба кон земјата, за која сум особено загрижен, Грција. Спорот, кој еднаш го нареков провокативен и кој освен Атина и Скопје, никој не го разбира, мора да се реши. И сторивте многу, нешто што не успеаја да го направат претходните влади. И ве молам ова што ќе ви го кажам не сакам да звучи шокантно. Согласно моето досегашно ограничено политичко искуство ви велам: Не ставајте црвени линии! Седнете заедно и разговарајте!, порача Рот на дебатата во Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин.

На дебата на тема „Од предизвици до перспективи: Демократските реформи и Евро-атлантска интеграција на Република Македонија“, главен говорник беше премиерот Зоран Заев, а на неа учествуваше и Курт Бек, претседател на Фондацијата.

Рот предупреди дека постои можност за затворање на „прозорецот на можности, кој моментално е отворен“.“

– Обединетите нации се способни за водење на овој процес, со вашата конструктивна поддршка и со поддршката на грчката Влада, за успешна интеграција. Сега прозорецот на можностите е отворен, но наскоро ќе се затвори, изјави Рот изразувајќи ја подготвеноста на германската Влада да помогне доколку тоа е потребно.

Заев рече дека главните амбиции на Република Македонија во 2018 година се почеток на преговорите за членство во ЕУ и земјата да стане 30-та членка на НАТО.

-Импулсот на ЕУ е изграден. Силно верувам дека Македонија заслужува индивидуална проценка. Ние сме кандидат за ЕУ од 2005 година, рече тој на дебатата во Берлин.

Во врска со актуелната политичка ситуација, Заев истакна дека земјата беше во длабока политичка криза во 2015-2016 година, откако авторитарниот режим ја зароби државата и создаде тензии со соседите и внатрешна поларизација.

– Успеавме да ја надминеме ситуацијата затоа што бевме обединети да ги заштитиме нашите основни демократски вредности и стандарди. Во периодот од две години се заложивме за поддршка на различни етнички групи, нагласи премиерот Заев.

Според него овие процеси го отворија патот за промените што настапија.

– Нови перспективи создадоа систем на добро владеење кој се заснова на четири столба. Инклузивното управување е првиот столб, со силна определба да изградиме независни институции, владеење на правото еднакво за сите и да ги прошириме инклузивните и пристапни јавни услуги. Концептот „Едно општество за сите” е наш втор столб, како е граѓанско-базиран концепт за премостување на етничките поделби. Третиот столб на нашиот систем на добро управување е рамноправен раст, и четвртиот неопходен столб посветен на добрососедската политика, рече тој.

Покрај тоа, тој тука ја истакна улогата награѓанското општество, со кое, во заедничка мобилизација, како што рече, беа мотивирани и граѓаните за да се кренат во одбрана на демократските права и слободи и владеењето на правото.

 

Германија Грција дебата Заев Македонија преговори Рот Фридрих Еберт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.