Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија и САД флертуваат во опасната црвена зона

1
By Светлана Јовановска on October 13, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 13, 2016 14:49

Михаил Горбачев, последниот претседател на СССР и човекот со кој почна крајот на студената војна, е загрижен:

”Светот почнува опасно да флертува со црвената зона”, изјави тој пред неколку дена.

Додека ние се бориме со нашата политичка криза и не се интересираме многу за настаните во светот, САД и Русија влегуваат во опасната «црвената зона» која може да доведе во војна.

Ако сте во Русија и ги гледате тамошните вести, ќе мислите дека третата светска војна е веќе започната. Агенцијата АФП јавува денес дека на јавниот ТВ сервис се најавува дека руските анти-авионски ракети во Сирија ќе ги нападнат американските авиони. На Росија24 може да се чуе како се подготвуваат анти-нуклеарни засолништа, а на радио се разговара за “цивилна одбрана” и евакуација на згради.

maxresdefault

Според американскиот Си-Ен-ЕН ”ова не е Студена војна; ова не е дури ни замрзнување на односите; ова е вистински конфликт”. Од другата страна на Атлантикот Вашингтон ја обвини Москва за сајбер напад на изборниот систем во Америка а неколку дена претходно американски функционери изјавија дека мора да се истражат воените злосторства на Русија во сирискиот град Алепо и нападот на една болница. Барање кое беше вистинска навреда за Русија која тврди дека се бори заедно со сирискиот режим против терористите.

Будење на духовите од студената војна

Но приказната не почнува во Сирија туку на Балтикот.

Анексијата на Крим од страна на Москва ги разбуди духовите на студената војна. И сите тогашни стравови од “руската мечка”. ЕУ воведе трговски санкции против Русија во 2014 година и тие се се уште на сила. Најголемиот страв се разбуди во балтичките земји – Естонија, Литванија и Летонија и во Полска. Тие стравуваат дека може да им се случи истото што му се случи на Крим, односно анексија на нивни територии на Русија.

kaliningrad

Калининград, руска територија која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија

Тој страв порасна откако Русија пред десетина дена инсталираше ракети Искандер, способни да носат нуклеарни глави со дострел од 700 км, во Калининград, руска територија која се наоѓа помеѓу две земји членки на ЕУ и НАТО – Полска и Литванија. Според Вилниус, целта на Кремлин е да добие отстапки од западните земји за Сирија и Украина. Овој чекор, вели Вилниус, е нарушување на клучната повелба за нуклеарно оружје.

Русија вели дека станува збор за воена вежба која ќе продолжи во повеќе делови на Русија а Калининград не е исклучок, изјави руското министерство за одбрана.

Ова лето, во јуни, и НАТО не се воздржа од воени вежби на границата со Русија. Маневрите “Анаконда” на кои учествуваа 31.000 војници од 24 земји членки на НАТО се одвиваа во рамките на сценарио според кое НАТО се бори против замислен агресор наречен «Унија на Црвените» и кој има за цел да ги освои балтичките земји и Полска.

Polish Army and U.S. Army soldiers attend the opening ceremony of the Anaconda-16 military exercise, in Warsaw, Poland, Monday, June 6, 2016. Poland and some NATO members are launching their biggest ever exercise, involving some 31,000 troops, as central and eastern European nations are seeking strong security guarantees among concerns about Russia's assertiveness and actions. (AP Photo/Alik Keplicz)

Ова ѕвецкање со оружје произведува тензии и ја реинкарнира «русофобијата» на Запад. Експерти од балтичките земји сепак тврдат дека вистинската опасност би дошла доколку Русија одлучи да ги распореди своите конвенционални сили кои се многу поголеми.

Борба против тероризмот со различен пристап

Но во Сирија не станува збор за вежби. Сирискиот конфликт ги распали овие тензии кои почнаа со Украина и анексијата на Крим. Особено по 30 септември 2015 година кога руската авијација почна да му помага на Башар ел-Асад и го спречи падот на овој режим како што се надеваа западните земји.

Русија и САД се ангажирани во овој конфликт под истото мото – борба против тероризмот но нивниот пристап е сосема различен.

Во Советот за безбедност во Обединетите Нации на 8 октомври Москва стави вето на француската резолуција за прекин на бомбардирањето во Алепо. Русија од своја страна предложи слична резолуција во која се повикува на прекин на огнот но не се споменуваат руско-сириските бомби кои паѓаат на Алепо.

По оваа епизода, Путин се налути и вчера го откажа патувањето во Париз каде што заедно требаше да отвори нова православна црква заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд.

topshots-topshot-syria-conflict-afp_com-20160426t072155z-doc-9z388-620x330

Пеколот во Алепо

Тврдиот став на Русија

Сега на сцената стапи вербалната тензија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во САД се на сила “агресивна русофобија” и “агресивни мерки против нашите национални интереси, закана за нашата безбедност”.

Накусо, Кремлин испрати порака дека е подготвен за тврд став и не сака да биде само регионална сила чии што интереси можат да се запостават.

Во моментов Русија ги зајакнува своите воени позиции во Сирија со бази и опрема и истовремено се суспендирани три билатерални нуклеарни договори помеѓу Русија и САД.

Од политички аспект, на Русија и одговара сегашната кризна атмосфера во Европа поради брегзит, бегалците и целиот популизам што тоа го произведува. А Американците се фокусирани на нивните избори.

Рускиот аналитичар Витали Журалев за Спутникњуз изјави дека «казнените мерки како анти-руски снакции и ширењето на НАТО нема да ја натераат Москва да ја смени политиката; станува збор за растечка конфронтација која е поподмолна од Студената војна».

1151830

Путин со руските генерали

Нова студена војна?

Во текот на Студената војна тензиите помеѓу помеѓу големите сили – СССР и САД пред се, се базираа врз идеолошките разлики, комунизмот против капитализмот, и територијалните апетити за ширење на зоните на влијание. Москва водеше војна во Авганистан а Вашингтон во Виетнам. Сепак, имаше рамнотежа која се засноваше на нуклеарното разоружување.

Оттука големото прашање е дали минатото може да се споредува со сегашните тензии. Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер изјави за Билд на 8 октомври дека е «илузија да се верува дека се обновува студената војна; сега ситуацијата е многу поопасна». Волфганг Ишингер, кој за застапуваше ЕУ во Босна, додаде дека «опасноста од воена конфронтација никогаш не била поголема а довербата помеѓу западот и истокот никогаш не била толку слаба».

Според политологот Георги Бовт од сајтот Газета.ру, постојат две сценарија: првото е оптимистичко. И би довело до договор помеѓу Русија и САД за нови услови за коегзистенција и зони на влијание. Или еден вид «Јалта2», вели Бовт.

Второто сценарио е песимистичко а крајот непредвидлив. Тоа значи дека Москва ќе се води според уличното правило – “ако треба да се тепаме, тогаш најдобро е да удриме први”.

Светло на крајот на тунелот?

Набљудувајќи ги овие тензии Горбачев на сите им препорачува да се вратат на “главните приоритети”. А тоа се “нуклеарно разоружување, борба против тероризмот и начин да се избегне еколошката катастрофа во светот”. Сето друго треба да се стави во втор план, смета Горбачев.

1016049455

Ќе видиме ли срдечно руско-американско ракување во Лозана?

Првото светло во овој долг тунел се наѕира. Вчера Москва најави средба помеѓу министрите за надворешни работи на Русија и САД, Сергеј Лавров и Џон Кери во Лозана каде што ќе се разговара за сириската криза.

И за двајцата министри ова е средба на последната шанса за да се излезе од “црвената зона”.

Русија САД Сирија студена војна тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.