Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија како гол машина: Петарда за добредојде на С. Арабија (Видео)

0
By Нова ТВ on June 14, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 14, 2018 22:29

Падна камен од срцата на домашните навивачи, домашната репрезентација и нејзиниот стручен штаб. Русија на убедлив начин влезе во 21. Светското фудбалско првенство чиј домаќин е. „Зборнаја команда“ во воведниот меч на стадионот „Лужники“ во Москва ја декласира Саудиска Арабија со 5:0 (2:0) за враќање на насмевките на лицата на играчите, но и за самодоверба пред преостанатите два дуела со Уругвај и со Египет во групата А.

Фото: fifa.com

Русите ја истакнаа сета своја желба и мотив за триумфална презентација на стартот. Но, и инает за поправање на играчкиот и резултатски имиџ на тим што тешко може некого да победи, на тимот што не дава многу голови и за демантирање на дел од домашните авторитети како Андреј Канчелски кој во најава за мундијалот истакна дека „ова е најслабата руска репрезентација низ годините наназад“.

Фото: fifa.com

Велат „секое лошо за добро нека е“. Така и беше во Москва попладнево. Џагоев, една од перјаниците во составот на Черчесов, се повреди без контакт со противнички играч, па кон средината на првиот дел мораше предвреме да заврпи со настап. На негово место на тревникот беше уфрлен Черишев кој возврати со два гола и беше прогласен за играч на натпреварот. Најпрво во 43. минута за 2:0 и во првата од судиското екстра време за 4:0.

https://www.youtube.com/watch?v=RCoIVlo6Fyw

Меѓутоа играчот на Вилјареал не беше единствениот Русин што почна од клупа и возврати со гол во убедливата победа. Ѕјуба ги доби последните 20 минути од средбата, а веќе во првата по втрчување во терен, ја затресе саудиската мрежа за 3:0. Голеадата на „Лужники“ ја отвори Газински во 12. минута, ја затвори Головин во четвртата минута од продолжението на мечот на огромно задоволство и на рускиот претседател Владимир Путин кој заедно со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и саудискиот принц Мохамед бин Салман го следеа натпреварот од свечената ложа на „Лужники“.

Првото коло во групата А на СП 2018 ќе биде комплетирано утре попладне со дуелот меѓу Египет и Уругвај од 14 часот.

Русија – Саудиска Арабија 5:0 (2:0)

Стадион „Лужники“ во Москва. Гледачи: 81.000. Гл. судија: Нестор Питана. Асистенти: Ернан Маидана и Хуан Пабло Белати (сите тројца од Аргентина). Ж. картони: Головин (Русија); Таисер (Саудиска Арабија). Стрелци: Газински 12’, Черишев 43’, 90’+1’, Ѕјуба 71’, Головин 90’+4’ за Русија.

Русија (формација 4-2-3-1): Акинфеев – Фернандеш, Кутепов, Игначевич, Жирков – Газински, Зобнин – Самедов (Кузјаев 64’), Џагоев (Черишев 23’), Головин – Смолов (Ѕјуба 70’). Селектор: Станислав Черчесов.
Саудиска Арабија (4-5-1): Абдула – Ал Бурајк, Осама, Омар, Јасер – Салем, Отајф (Фахад 64’), Салман, Таисер, Јахија (Хатан 72’) – Ал Сахлави (Муханад 83’). Селектор: Хуан Антонио Пици.

Москва Русија Саудиска Арабија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.