Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија протерува двајца грчки дипломати како реципроцитет

1
By Нова ТВ on August 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Официјална Москва вчера соопшти дека го повикала грчкиот амбасадор во Москва, Андреас Фриганас, кому му била врачена нота во која се наведуваат дека мерките што ќе ги преземе Русија, односно дека ќе постапи на истиот начин како и Атина која минатиот месец протера двајца руски дипломати, објави Ројтерс.

Грција во јули одлучи да протера двајца руски дипломати и уште на двајца им забрани влез во земјата поради обид за поткуп на функционери и да поттикнат демонстрации за да го спречат постигнувањето на Договор со Македонија, со кој, на земјата и се отвораат вратите кон НАТО.

Русија категорично ги негира обвинувањата.

Министерството, во својата изјава, не ги именуваше грчките дипломати што ќе ги ги протера или ќе ги замоли да заминат.

Руската државна агенција “РИА” повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Москва го протерува грчкиот трговски претставник, како и грчкиот дипломатски службеник одговорен за комуникации во грчката амбасада.

Според РИА, исто така и на висок официјален претставник на грчкото Министерство за надворешни работи му бил забранет влез во Русија.

Рускиот амбасадор во Грција ги нарече обвинувања против руските дипломати како “глупости” и ја обвини Атина дека дејствува без докази, додека руското Министерство за надворешни работи предупреди на неодредени последици.

Одлуката на Грција да ги протера руските дипломати предизвика тензии во односите меѓу Москва и Атина, кои со векови имаат верски и културни врски.

По дипломатскиот потег, Грција соопшти дека сé уште сака добри односи со Русија.

Но, односите се влошија посебно откако рускиот амбасадор во Атина минатиот месец објави дека планираната посета на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Грција, за септември се одложува, истакнувајќи дека терминот не е соодветен.

Минатата недела руската агенција ТАСС објави дека рускиот претседател Владимир Путин го назначил Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, откако од должност е ослободен досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој на оваа функција беше од 2010 година.

Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.

Не се посочува причината за смена на амбасадорот.

Грција дипломати Договор Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.