Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските пропагандисти со дип фејк манипулација во обид да го „бустираат“ наративот за наводниот конфликт меѓу Зеленски и Залужни

0
By Marija Todorovska on January 31, 2024 АНАЛИЗА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 31, 2024 15:24

Руските пропагандистите продолжуваат да го „бустираат“ наративот за наводниот конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи.

Како што пренесува Укринформ, во последниот обид на руската пропагандна машинерија за дискредитација на украинското политичко и воено раководство, пропагандистите креираат дип фејк манипулација во која, Олексиј Арестович, поранешниот советник на украинскиот претседател, „зборува“ за тоа како војската „му сместила“ на Кабинетот на претседателот „приказна“ за соборувањето на рускиот Ил-76.

На 24 јануари во Русија се урна воен транспортен авион Ил-76, руското Министерство за одбрана објави дека во авионот имало 65 украински воени заробеници и тие летале за размена на затвореници.

Откако Русија не обезбеди никакви сигурни докази за тоа, започна активна информативна кампања за промовирање на сопствената верзија и веќе познатите пропагандни наративи.

Тајка, на пример, на TikTok беше објавено видео во кое Олексиј Арестович, поранешен советник на Кабинетот на претседателот на Украина, наводно вели дека во авионот имало воени затвореници од Азовскиот полк и дека украинската војска намерно му „сместила“ на украинскиот претседател.

 

Ова е лажно видео кое е создадено со помош на невронски мрежи. Видеото јасно покажува целосна неусогласеност на движењата на усните со зборовите. Во видеото има и визуелни недоследности, вклучувајќи треперење и пикселирање, што укажува дека видеото е дип фејк. Ова е направено така што лажниот со низок квалитет е потешко да се препознае со голо око.

Дополнително, според испитувањето спроведено од услугата Aiornot, аудио-записот користен во ова видео најверојатно е создаден со помош на вештачка интелигенција.

Користејќи ја авионската несреќа Ил-76, пропагандистите уште еднаш се обидуваат да го унапредат наративот за конфликтот меѓу претседателот Володимир Зеленски и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни. Целта на ова е да се дестабилизира ситуацијата во Украина и да се обиде да ги подели Украинците на два табора.

Како што објави вчера ЦИВИЛ МЕДИА, неколку Телеграм канали објавија непотврдена информација дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, бил разрешен од функцијата. Кабинетот на Зеленски демантираше дека е разрешен Залужни, а дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските медиуми.

Ова, секако, не е прв пат руските пропагандисти да користат „дип фејк“ технологија за дискредитација на украинскиот претседател. Предходно, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ разобличи уште еден неуспешен обид на руските пропагандисти со „дип фејк“ видео манипулација да го дискредитираат Зеленски, кога на социјалните мрежи сподели лажно ТикТок видео од лажен профил на кое украинскиот претседател  е прикажан како изведува ориентален танц облечен во костим на танчар, со коментар на руски јазик: Вова (скратено од Володимир) талентиран човек.

Во лажното видео, руските пропагандисти со „deep fake“ технологија врз телото од танчарот ја додале главата на украинскиот претседател, по што истото се споделува на социјалните мрежи.

Се чини дека „дип фејк“ технологијата станува омилена алатка на руските пропагандисти за ширење дезинформации и манипулации во јавноста и за дискредитирање на противниците и неистомислениците на режимот на Кремљ.

ЦИВИЛ МЕДИА, исто така објави краток преглед за тоа што претставува „дип фејк“ технологијата, за што се користи и како да ги препознаете лажните креирани видеа.

Драган Мишев / Цивил Медиа 

Зеленски пропаганда Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.