Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД го поздравија договорот меѓу Путин и Ердоган за Идлиб

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 СВЕТ
Фото: abcnews.go.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 6, 2020 12:14

Официјален Вашингтон го поздрави постигнатиот договор меѓу лидерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, со надеж дека ќе помогне за деескалирање на ситуацијата, соопшти претставник на Стејт Департментот.

„Ја поздравуваме веста за договорот меѓу Турција и Русија, односно прекинот на огнот во Идлиб. Се надеваме дека тоа ќе помогне за деескалирање на исклучително опасната ситуација и за ублажување на сериозната хуманитарна криза“, истакна тој.

Според него, „САД со нетрпение очекуваат да ги разгледаат деталите за развој на ситуацијата со својот сојузник во НАТО, Турција, која се стреми кон траен прекин на огнот“.

„Сега е важно какви точно дејствија ќе бидат преземени во зоната на воени дејствија од страна на сирискиот претседател Башар Асад и оние кои го поддржуваат. Тоа ќе покаже дали ќе се постигне трајно примирје. Единствен начин за решавање на тој конфликт е воспоставување примирје во целата земја и политичко решение преку преговори согласно резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“, смета претставникот на Стејт Департментот.

Путин и Ердоган, вчера во Москва, постигнаа договор за прекин на огнот, кој стапи во сила на полноќ и низа други мерки за решавање на ситуацијата во сириската провинција Идлиб. Од 15 март, Руската Федерација и Турција ќе започнат заеднички патролирања низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр. Москва и Анкара се согласија за почитување на суверенитетот на Сирија и продолжување на борбата против тероризмот.

Владимир Путин Договор Идлиб Реџеп Таип Ердоган САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.