Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД и Франција протеруваат руски дипломати поради труењето на Скрипал

1
By Нова ТВ on March 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за протерување на 60 руски дипломати, наводни шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Салисбури во почетокот на месецот, француското Министерствот за надворешни работи соопшти дека и оваа земја протерува четворица руски дипломати поради истиот случај.

Според висок рпетставник од Белата куќа, „48 лица за кои се знае дека вршат разузнавачки работи“ од рускиот Конзулат во Сиетл и 12 од руската мисија во ОН имаат седум дена да ги напуштат САД, јави АФП.

-Соединетите Американски Држави ја преземаат оваа акција во координација со нашите сојузници и партнери од целиот свет, како одговор на користењето хемиско оружје од страна на Русија на територијата на Обединетото Кралство, најновата акција во својот модел на дестабилизирачки активности ширум светот , изјави секретарот за печат во Белата куќа, Сара Сандерс.

На 14 март британската премиерка, Тереза Меј изјави дека раскинува билатерални контакти со Русија, по што 23 руски дипломати мораа да ја напуштат земјата.

Според Лондон, Русија е виновна за труењето на екс-разузнавачот, Сергеј Скрипал на британска територија.

„Овие 23 дипломати се идентификувани како разузнавачки агенти што тајно работеле“, изјави Меј.

Потоа следуваше контрамерка од Русија, која најави дека ќе протера 23 британски дипломати и негира дека има врска со труењео на Скрипал.

Меѓу земјите кои најавија протерување на руски дипломати во знак на солидарност со Британија се Германија, Чешка, Данска,  Летонија, Литванија, Холандија и Полска.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, информираше дека досега 14 земји членки на Европска унија протерале руски дипломати од своите земји. Тој додаде дека не исклучува дополнителни европски мерки, како што се натамошни протерувања.

Од Канада ќе бидат протерани четворица руски дипломати.

Од Германија и Полска ќе бидат протерани по четворица руски дипломати, од Литванија и од Чешка – тројца, од Данска, од Холандија, од Италија и од Шпанија – по двајца, од Летонија и од Естонија – по еден, а Украина ќе протера 13 руски дипломати.

Руските амбасадори во Полска, во Летонија, во Литванија и во Естонија утрово се повикани во министрствара за надворешни работи на тие земји.

Украина која не е земја членка на ЕУ ќе протера 13 руски дипломати.

Британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон, кој е во посета на Естонија, денеска изјави дека е издадена наредба за заплена на имотот на руски државјани, чие потекло е непознато.

Од 31 јануари британските судови имаат можност да бараат од странците, кои имаат сметки и недвижен имот на територијата на Велика Британија да одговорат на прашања за состојбата на нивниот имот. Британските државни органи можат да бараат објаснувања од сопствениците на недвижен имот и од компаниите за имот во вредност од над 50.000 фунти. Ако сопственикот не успее да даде адекватно објаснување, тогаш неговата сопственост ќе биде запленета

Сергеј Скрипал, поранешен соработник во руската воена раззузнавачка служба ГРУ и неговата ќерка беа затруени со нервен гас на 4 март во парк во англискиот град Солсбери. Тие сега се во кома и не се знае дали ќе преживеат. Според лекарски извори, нивната состојба е „стабилна, но критична“.

дипломати протерување САД Скрипал Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.