Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на НАТО: Алијансата во Лондон го слави 70. роденден

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 СВЕТ
Фото: nato.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2019 09:09

Во Лондон денеска почнува дводневниот самит на НАТО за демонстрација на единството и на силата на Алијансата, но и за прослава на 70-годишнина од нејзиното основање. Американскиот претседател Доналд Трамп е во англиската престолнина од синоќа, а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата. Меѓу гостите на Самитот и македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев.

Сепак, додека се подготвуваат за средба со Трамп, дел од европските лидери продолжуваат да ја доведуваат во прашање посветеноста на Вашингтон кон Сојузот. Конфликтите продолжуваат во североисточна Сирија по турската офанзива и одлуката на Трамп да ги повлече американските сили, без да се консултира сојузниците на НАТО што ја разгоре загриженоста меѓу сојузниците.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, апелирајќи на Европа да создаде своја безбедносна структура. Изјавата доби силен одговор од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Според „Си-Ен-Ен“, далеку од тоа дека алијансата е кревка, НАТО сега е многу помалку еластичен од порано. Затоа, кога лидерите ќе се соберат во Лондон, тие ќе треба да вложат повеќе напори за да премостат некои од нивните разлики. 

По завршувањето на Студената војна, земјите-членки ги намалија буџетите за одбрана, но по анексијата на Русија на Крим, сојузниците се согласија да ги прекинат кратењата на буџетот и да ги зголемат трошоците за одбрана. Целта е до 2024 година да достигнат два отсто од БДП во секоја земја-членка. Девет држави се предвидува да ја исполнат целта уште оваа година – САД, Грција, Велика Британија, Бугарија, Естонија, Литванија, Латвија, Полска и Романија.

Фото: twitter

Според новите податоци објавени во петокот, европските сојузници и Канада, исто така, ќе распределат дополнителни 130 милијарди американски долари на нивните буџети за одбрана до крајот на 2020 година, при што 20 отсто од тоа зголемување ќе биде од Германија, критикувана од Трамп дека не троши доволно на одбраната. До 2024 година се очекува да бидат додадени дополнителни 400 милијарди американски долари.

Покрај националните буџети, НАТО има мал буџет од две милијарди американски долари за поддршка на работата на седиштето во Брисел и за финансирање на воените операции ширум светот.

Минатиот четврток, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека САД ќе плаќаат помалку за овој буџет и Германија ќе помогне да се пополни празнината, со тоа што двете држави плаќаат по околу 16 отсто. Досега САД плаќаа 22 отсто од таа сума. Други европски сојузници исто така се согласија да плаќаат повеќе без Франција која одби.

Јубилеј Лондон НАТО Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.