Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара ВМРО ДПМНЕ да ги признае резултатите- тие предвремени избори

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) ги спроведе локалните избори во согласност со Уставот, Изборниот законик и позитивните прописи. Денеска имавме мирни, демократски и фер избори во кои граѓаните можеа слободно да го искористат своето избирачко право, оцени доцна синоќа претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

ДИК, истакна Чичаковски,  при спроведувањето на овие, но и на сите претходни избори секогаш се водеше од принципите на професионалност,  независност, отчестност и транпарентност.

– Притоа дававме се од нас со цел да овозможиме на граѓаните да имаат еднакво, слободно и тајно право на глас. Друг начин на работа овој состав на ДИК не познава. Овие меѓународно признати стандарди  ги применувавме и при спроведување на предвремените парламентарни избори и за спроведување на Локалните избори 2017 година, наведе Чичаковски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која ги соопшти првичните резултати од вториот круг за локалните избори.

Претходно лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на прес конференцијата рече дека неговата партија не ги признава резултатите од локалните избори и ја обвини власта дека организирала како што рече „мафијашки избори“.

Во име на партијата Груевски упати седум барања до власта, за како што рече враќање на демократијата и достоинството во земјата:

-Организирање предвремени парламентарни избори  согласно пржинскиот модел, кои ќе бидат спроведени од техничка влада како и парламентарните избори од 11 декември 2016;

-Итна смена на директорот на Агенцијата за ауди и аудивизуелни медиумски услуги и именување на директор од редовите на опозицијата;

-Оставка на претседателот на ДИК Александар Чичаковски и враќање на старото законско решение од редовите на опозицијата;

-Итна истрага и вештачење на уредите за прилсушување во УБК поради сомнеж дека се прислушуваат најмалку 100 лица од ВМРО ДПМНЕ;

-Итно завршување на судењето на Заев за поткуп;

-Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчитување на избрните нерегуларности во 2016 и 2017 поради злоупотреба на целиот државен апарат;

-Итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од  27 април.

Реформаторите: Најсрамниот пораз на ВМРО ДПМНЕ

Александар Михајловски, дел од Реформаторското движење на ВМРО-ДПМНЕ, за НОВА изјави дека поразот на Груевски во вториот круг, како што беше и во првиот, е очекуван за него и за реформаторите и дека не очекувале поинаков расплет:

 

-Се потврди она што го очекувавме- ВМРО-ДПМНЕ изгуби заради Никола Груевски и токму заради тоа мора да си оди од лидерската позиција. Ова е најсрамниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на оваа партија, изјави Михајловски.

Села му порача на Ахмети: Те чекам на парламентарни

Изборните резултати не ги признава ниту лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Вели дека во Струга имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата на како што рече, „правната држава“.

-Не го признаваме овој резултат, рече Села и најави дека ќе достават жалби до општинската изборна комисија и до Државната изборна комисија.

Тој му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека го чека на парламентарни избори и оцени дека лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев иако декларативно се залагал за живот, рамноправност и соживот, успеал уште повеќе да ја продлабочи  делбата помеѓу етничките заедници во Струга.

Предвремени парламентарни зибори побара и лидерот на БЕСА, Билал Касами, кој обвини дека ДУИ победила благодарение на  поддршката од СДСМ, а не затоа што има поддршка кај албанското населени.

-ДУИ се трансформира во огранок на СДСМ, рече Касами додавајќи дека оваа партија вечерва згасна и СДСМ стана суверен за повеќето Албанци. „ДУИ веќе ја нема,  но затоа има еден огранок на СДСМ“.

Касами кажа дека победата на ДУИ е поради коалицијата со СДСМ, и затоа побара предвремени парламентарни избори.

ДУИ со куршуми во воздух ја слави победата во Чаир, МВР не реагира

Оценката на ДУИ  е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја, изјави шефот на изборниот штаб на партијата Арбр Адеми по затворањето на гласачките места во вториот круг од локАлните избори.

– Владата на Република Македонија покажа демократски капацитети за организирање демократски избори. Гласањето веќе е затворено и процесот на броење на гласовите е започнат, рече Адеми.

Заев: Уште сега се знае резултатот на парламентарните избори

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на прес конференцијата во штабот на СДСМ го повика ВМРО ДПМНЕ да го преиспита ставот за непризнавање на изборните резултати.

На прашањето како го оценува барањето од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за предвремени парламентарни избори, Заев рече дека Македонија има многу поважни работи пред себе.

-Јас го разбирам чувството на поразениот и апелирам како и досега на одговорност. Во врска со парламентарните избори уште сега се знае резултатот. Македонија има многу пред себе што треба да сработи Затоа немам никаков коментар, освен дека нема ништо од она што беше прочитано на прес конфренцијата на Никола Груевски, рече Заев.

-Ова е голема победа на граѓаните на РМ и празник на демократијата. Имавме демократски, фер и чисти избори, кои се вистинска слика на волјата на граѓаните. Резултатот беше очекуван и за нас и за политичкиот противник и за граѓаните, рече Заев.

Во однос на мнозинството во Парламентот, Заев рече дека верува дека мнозинството во Парламентот ќе расте, но и дека тоа не значи преминување од една во друга политичка партија.

– Ќе се зголемува мнозинството за реформи, за интересите на граѓаните. Граѓаните од нас очекуваат одговорност, работа, посветеност. Локалните избори се многу важни, општините се многу важни за граѓаните, рече Заев.

На прашањето какви ќе бидат сега релациите со Алијансата за Албанците во Владата, откако СДСМ ги поддржа кандидатите на ДУИ на оние места каде тие се соочуваа со кандидатите на партијата на Села, Заев рече дека локалната власт е различна со централната и дека граѓаните Албанци сами определиле кој кандидат ќе победи.

За коалицирањето на Зијадин Села со БЕСА, лидерот на СДСМ рече дека тие немаат променети ставови, и дека нивната позиција во делот на изборите ја претставиле пред изборите.

– Села коалицираше со БЕСА и некои други партии, тоа е нивен избор. Ние сме тука за да работиме во интерес за сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, порача Заев.

Алијанса за Албанците Беса ВМРО-ДПМНЕ Дик ДУИ Касами СДСМ Села Чичаковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.