Според одлуките што ги донесе Државната изборна комисија, таа покажа дека не е ниво на сериозната задача што ја има во врска заштитата на сите аспекти од изборниот процес, реагира Социјалдемократскиот сојуз.
Оттаму велат институциите на државата мора да работат во служба на граѓаните и да ја почитуваат волјата на граѓаните на Република Македонија.
– И покрај се што се случува, неколку работи се кристално јасни: граѓаните избраа живот и тие промени веќе се случуваат, нема повеќе место во политиката за личности како Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, се вели во реакцијата на СДСМ по синоќешните одлуки.