Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Се чека одлуката на Врховен за притворите, рокот истече во четвртокот

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 08:05

Врховниот суд на Република Македонија се очекува денеска да донесе одлука за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година, откако рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот.

– Судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да очекувате да има брза одлука. Предметот е во Судот помалку време отколку што беше во Обвинителството. Одлука најверојатно ќе има утре, изјави претседателот на Врховен Јово Вангеловски за Телевизија 24.

По жалбите кои се поднесени на решенијата на Апелацискиот суд и со нив се бара укинување на мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги казни за обвинетите, Врховен одржа јавна седница минатата недела.

Според адвокатите на обвинетите, решенијата на Апелацискиот суд се паушални и недоволно образложени и нема основи за влијание врз сведоци со оглед на фактот дека истрагата за овие настани е завршена. Пред петчлениот судски совет на Врховниот суд беше посочено од страна на бранителите дека нема основи и за бегство на обвинетите и оти тие се заинтересирани да се открие фактичката состојба за настаните од 27 април.

Меѓу другите обвинети, за поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски се бара укинување на мерката притвор, а за пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дуловски укинување на мерката куќен притвор и изрекување на мерки на претпазливост.

Адвокатот на Чавков пред петчлениот совет на Врховниот суд побара укинување на притворот за неговиот клиент притоа посочувајќи дека во затворски услови тој не може да ја има соодветната нега по преживеаниот инфаркт. Посочи и дека основите на сомнение за кои се товари неговиот клиент оти не издал наредба за дополнителни сили на терен не се доволни за изрекување на мерката притвор.

На јавната седница не беше присутен обвинетиот Оливер Поповски, но неговиот застапник, по реакцијата зошто тој не е спроведен, се согласи да се одржи јавната седница без присуство на Поповски.

Муковски, Василевски, Чавков, Димовски, Дуловски, Поповски и полицискиот службеник Мунир Пепиќ се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Вангеловски Врховен жалби одлука пратеници притвори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.