Пред два дена фирмата НВСП, која е под истрага на СЈО за провизиите со израелската опрема за прислушување во УБК, доби нов управител. На местото на Елена Панова од Велес е поставена извесна Снежана Димовска од Скопје. Според податоците од Централниот регистар промената е направена во понеделникот на 1 август. Сопственик и натаму останува Владислав Стајковиќ, бизнисмен кој освен НВСП, ја поседува провладината Радио Слободна Македонија, како и телевизијата К3 од Куманово.

nvsp cisto

Промените доаѓаат по помилувањата и повлекувањето на аболицијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој освен функционери од владејачката партија, на списокот ги додаде и нивните соработници. Меѓу помилуваните се најде токму името и на Владислав Стајковиќ – сопственикот на НВСП.

НОВА дознава дека СЈО има отворено предмети за повеќе провладини  медиуми со сомнителна сопственичка структура, кои важат за гласила на владејачката партија, и кои за неколку години остварија милионски приходи.

Освен смената на управителот на НВСП, пред три недели беше направена промена и во сопственичката структура на провладиниот медиум  Република.

Владислав Стајковиќ „линк“ за провизиите од израелската опрема

Минатиот месец „Иресине Лимитед“ од Белизе излезе од сопствеништвото на „Република“ и сега сопственик и директор е лицето Доне Доневски. А, од завчера нова промена е направена во фирмата НВСП која доби нов управител. НВСП е формирана во 2006 година и се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, медиуми, а има и дозвола за промет со оружје и со муниција.

Името на сопственикот, Владислав Стајковиќ, беше споменувано во прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ. Владимир или во бомбите нарекуван „Влатко“ е личноста со која судијката од Управниот суд, Светлана Костовска договара по кој основ да легнат парите од провизиите за израелската опрема, објави лани лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според „бомбите“ на СДСМ фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

ss

 

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија. Радиото има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда до скоро беше фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе. Призма неодамна објави дека „Иресине Лимитед“ излезе од сопствеништвото на „Република“ и сега сопственик и директор е лицето Доне Доневски.

naslovnaaa-777x437

Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС, но и прв газда и на скопската компанија „Финзи“, која денес под свое го има провладиниот портал Нетпрес.

Сопствеништвото на Република се криеше на Белизе, додека она на „Нетпрес“, преку фирмата „Финзи“, се крие во Албани, САД. Директорот на „Финзи“, Коста Крпач, кој беше сведок во Специјалното јавно обвинителство, во април годинава се самоуби во својот дом во Скопје. Оттогаш, не е назначен нов директор на оваа фирма, бидејќи за да се направи тоа, треба да се појават и потпишат вистинските газди на оф-шор компанијата „Финзи ЛЛЦ“ од САД.

Колку пари се „свртеле“ низ провладините гласила?

СДСМ обелодени дека “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три владини медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра.

maxresdefault

„Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Македонија“ на Владислав Стајковиќ во 2013 година само со еден вработен остварила 242.000 евра приходи. Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.“, објави на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Инаку братот на Владислав Стајковиќ, Небојша Стајковиќ, македонскиот ватерполо судија, од лани е дел од Одборот на директори на Телеком.