Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се трага по уште шестмина осомничени за настаните од 27 април

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2017 14:04

На барање на Основното јавно обвинителството МВР трага по уште шестмина од вкупно 36 осомничени, кои обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека вчера се трагало по 12 лица, а денеска бројката е намалена на шестмина. Министерството нема добиено допис од обвинителството за распишана потерница по нив. Додаде дека наредбите за претрес траат 15 дена, а полицијата постапува врз основа на наредбите што ќе ги добие.

Спасовски нагласи дека нема повреда на правата во постапката на приведување на лицата, осомничени за настаните од 27 април.

Запрашан да даде коментар за забелешките дека имало нехуман однос при апсењето на осомничените, истакна дека целата постапка е спроведена исклучиво врз основа на Законот за кривична постапка и на сите подзаконски акти и стандардно-оперативни процедури.

– Во Република Македонија изминатите години бевме сведоци на апсења пред камери од медиуми, кои селективно беа повикувани да се појават пред куќа на луѓе, кои треба да да бидат уапсени и за тоа се правеа филмови. Сега со задоволство можам да констатирам дека оваа акција, што ја спроведуваме, и сите идни, нема да се случуваат на таков начин. Нема да правиме ексклузива, бидејќи пред се презумпцијата на невиноста е најважна, рече Спасовски.

Во врска со информациите дека полициски службеник ја објавил фотографијата на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој е еден од осомничените во внатрешниот дел на затворот во Шутка, Спасовски нагласи дека за казнено-поправните установи е надлежно Министерството за правда.

– Не знам од каде е направена сликата и не сакам да коментирам шпелукации на социјалните медумите. Има надележни институции за тоа, Казнено-поправната установа – Скопје, Агенцијата за извршување на санкции и Министерсвото за за правда треба да ги дадат дадат тие одговори. Доколку утврдат дека има каков било престап на некој друг службеник, кој не е во рамки на Министерството за правда, тогаш ќе постапува и соодветното министерство, на пример МВР, рече Спасовски.

Во врска со вчерашната информација дека им биле одземени телефоните  на Трајко Вељановски и Вејсел Мемеди во врска со истрагата за 27 април, Спасовски нагласи оти за тоа одговор треба да даде обвинителството.

27.април истрага МВР ОЈО осомничени Спасовски упасени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.