Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зголемуваат тензиите меѓу Белград и Приштина

1
By Нова ТВ on January 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 15, 2017 18:15

Претседателот на Косово, Хашим Тачи за запирањето на возот на линијата Белград -Северна Митровица, на Твитер напиша дека се надева, дека Србија извлекла поуки од својата провокација кога го испратила возот на Косово

“Добрите соседи не си пречат едни со други, тие разговараат “,напиша Тачи.

Таканаречениот„руски воз“, по 18 години вчера за прпават тргна од Белград за Косовска Митровица, од каде по неколку часа чекање беше вратен назад. Богато украсен со национални симболи и верски мотиви, на кој однадвор на 20 јазици пишува„Косово е Србија“, возот вчера пристигна на станицата во Рашка, по што беше вратен назад од безбедносни причини, како што рекоа српските власти. Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека пругата била минирана и се правдаше дека Србија испратила воз, а не тенк на Косово.

Односите меѓу Белград и Приштина се на точка на вриење. Со случувањата од вчера, тензиите се зголемуваат.

Случувањата поврзани со возот се последните рефлекси на американската администрација во заминување, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ по завршениот состанок на Советот за национална безбедност.

Тој рече дека многу држави го поддржуваат ставот на Србија и се очекува за целиот случај со возот да се изјасни ЕУ.

„Предмет на дијалогот во Брисел треба да биде само возот, односно слободата на движење, инаку не гледам за што треба да преговараме со привремените институции на Косово“, изјави Николиќ.

 

Точката еден од Бриселскиот договор е слободата на движење, сите граѓани да имаат право да се движат на територијата, и да не може никој да ги спречува.

Има и точка, рече Николиќ во која се наведува дека специјалните единици РОСА не можат да се појават северно од Ибар без одобрување на НАТО и локалната заедница.

Тој ја повика ЕУ да одговори дали е точна изјавата на косовскиот премиер дека за запирање на возот косовските власти имале согласност од Унијата. Според Николиќ, синоќешното појавување на единицата РОСА покажува дека Албанците сакаат војна.

„Ги предупредувам привремените институции во Приштина да не навлегуваат на територија каде што не можат да бидат. Ние не сакаме војна, но по Уставот сме должни да ја заштитиме секоја педа од територијата и граѓаните. Секој нов обид ќе се заврши многу лошо. Нека размислат за тоа Албанците и нивните спонзори“, рече Николиќ.

Тој нагалси дека Србија е подготвена да испрати оружени сили на Косово доколку српското население во покраината е загрозено.

 

Белград воз Косово тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.