Од новите 136 дијагностицирани лица со Ковид-19 во изминатите 24 часа, најголем број случаи (80) има во Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во главниот град досега се регистрирани 2.667 случаи, а активни се 1.785.
Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, Чаир и натаму води со 413 активни случаи на Ковид-19, следуваат Гази Баба со 149 случаи, Сарај со 141, Бутел со 136 случаи, Аеродром со 135 случаи, Центар со 127 случај, Карпош со 124 случаи и Кисела Вода со 101 случај.
Активни случаи има и во Студеничани – 89, во Ѓорче Петров – 83, во Шуто Оризари – 72, во Арачиново – 49, во Илинден – 33, во Петровец – 16, во Чучер Сандево – 16, во Сопиште – 12 и во Зелениково – 2.