Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сега или никогаш: ЖРК Вардар во петти напад на титулата во ЛШ

0
By Нова ТВ on May 12, 2018 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога се собраа во Скопје пред пет години си поставија неколку цели пред себе. Да бидат апсолутни владетели во домашната сцена, да го покорат регионот, а потоа и континентот. Ако првата се подразбираше по дифолт, а втората како покомплицирана, но, секако, достижна, тогаш останаа последната, најголемата, најпрестижната што е сон на секоја ракометарка. Титулата во Лигата на шампиони. Четири пати досега ја напаѓаа и при секој обид беа одвраќани. Трипати во полуфиналето и еднаш во финалето. Меѓутоа сите претходни Фајналфор турнири во Будимпешта по многу нешта се разликуваат од претстојниот. Најголемата е воедно и најемотивна и сублимирана е фактот дека е последен за актуелниот ростер пред најавеното летно распрскување „секоја на своја страна“.

Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево од 18 часот во „Ласло Пап арена“ во унгарската престолнина ќе излезат на мегдан со дебитантот Ростов во второто полуфинале на завршниот спектакл во сезоната во елитното клупско натпреварување на ЕХФ. Во увертира на турнирот од 15.15 часот ќе играат ЧСМ Букурешт, победник во ЛШ во 2016 година, и актуелниот првак Ѓер.

„Ако го погледнете нивниот состав ќе видите дека имаат ракометарки со големо искуство и титули. Тоа што екипата е за првпат на Фајналфор не дозволуваме да нè залаже. Кога ќе дојдат вакви мечеви, најважно е да дадете максимум. Посакувам и верувам дека ќе успееме“, порачува Андреа Лекиќ која заедно со нејзините колешки Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ од наредната сезона ќе играат за ЧСМ Букурешт.

Ако во сезоната 2013/14 беа дебитанти и како целина немаа искуство на Фајналфор турнирите во ЛШ, во втората и во третата лошо го изменаџираа притисокот, лани беа на чекор до комплетирање на мисијата, но загубија од Ѓер во финалето со 31:30 по продолженија. Оваа сезона се пробија до Будимпешта на импресивен начин (13 победи и 1 пораз), за една години се повозрасни, позрели, поискусни и одлучни во намерата да докажат дека лекциите од минатото се научени, поуки се извлечени. Желби и мотиви, секако, не недостасуваат, особено што се ближи разделбата, како и решителност да покажат дека знаат, можат и го заслужуваат трофејот.

„Ростов е многу тим во играта „еден на еден“. Затоа мора да одиграме цврсто во одбрана што е најважен сегмент според мене. Цела сезона играме добро во дефанзива, се надевам дека ќе биде така и на овој Фајналфор. Мислам дека е клучна за секој тим. Кој има најдобра одбрана ќе триумфира и во Лигата на шампиони“, истакна Драгана Цвијиќ, единствената вардарка која се најде во Ол-стар тимот во Лигата на шампиони за оваа сезона.

Вардарки имаат два пораза во полуфиналните дуели од Будуќност (20:22, 17:27) и еден од ЧСМ Букурешт (27:21). Минатата сезона, конечно, успеаја да ја пробијат полуфиналната бариера по триумфот над романскиот состав (38:33) меѓутоа среќата, нервите, ладните глави и самодовербата беа на страна на Ѓер кој беше подобар за гол по екстра ракометот во „Ласло Пап арена“. Очекувањата од претстојното издание се однесуваат на хепиенд и заедничка забава на главниот скопски плоштад.

Фајналфор во Лигата на шампиони (ж)

Полуфинале 1: ЧСМ Букурешт – Ростов (сабота, 15.15 ч)

Полуфинале 2: Ростов – ЖРК Вардар (сабота, 18 ч.)

Меч за трето место: (недела, 15.15 часот)

Финале: (недела, 18 ч.)

Досегашни освојувачи на ЛШ по воведување на Фајналфор

2016/17 сезона – Ѓер (Унгарија)

2015/16 сезона – ЧСМ Букурешт (Романија)

2014/15 сезона – Будуќност (Црна Гора)

2013/14 сезона – Ѓер (Унгарија)

Будимпешта Лига на шампиони Полуфинале ракомет Ростов Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.