Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров на 12 и 13 декември ќе ја посети Србија соопшти рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин.
Предвидени се средби на Лавров со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
На средбите ќе се разговара за билатералните односи и актуелни светски процеси како и ситуацијата во регионот, наведува весникот Политика.