Илија Несторовски продолжува во гол ритам во Италија. Македонскиот репрезентативец погоди за Палермо и против Калјари вечерва на Сардинија во последниот меч од 11. коло во Серија А. Несторовски ја затресе мрежата на домашните во 79 минута од средбата за намалување на негативата на неговата екипа на 2:1 и одигра цел натпревар. За него ова е петти гол во во сезоната, четврти на гостувањата на Палермо.

https://www.youtube.com/watch?v=8KyeAnL6PsI