Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија во исчекување на преговарачката рамка со ЕУ

0
By Нова ТВ on June 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 7, 2020 09:35

Преговарачката рамка сè уште не е финализирана и не претставува јавен документ, но нејзината нацрт-верзија се очекува мошне скоро. Објавата, според некои домашни и странски политички фактори во земјава, е можна на 9 или 10 јуни, а првата Меѓувладина конференција со Македонија и Албанија би можела да се одржи оваа есен.

Документот нема многу да се разликува од оној и за другите земји во регионот, освен што во неа ќе биде интегрирана новата методологија што беше усвоена од Европскиот совет.

Нацрт-верзијата на преговарачката рамка, според вицепремиерот за европски прашања и политички преговарач со Унијата, Бујар Османи може да ја очекуваме на 9 или 10 јуни со кус извештај за напредокот во реформите. Потоа земјите членки се очекува да ги изнесат свои национални позиции и на крајот се обидуваат да дојдат до консензус.

„Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален по однос на позициите на различните земји членки и повеќе ќе се заснова врз принципите на функционирање на ЕУ. Откако ќе се објави преговарачката рамка, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да наметне своја национална позиција. Но, се координираме. Ние си ги утврдивме нашите државни позиции, за тоа што би сакале и која е најдобрата верзија. Како држава кандидат не сме во позиција да влијаеме на преговарачката рамка, но ќе лобираме и ќе работиме“, порача Османи.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на почетокот на неделата најави дека преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија треба да бидат објавени „во наредните денови“.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пак, в четвртокот нагласи дека засега не може да каже што во себе ќе содржи преговарачката рамка, која сè уште не е финализирана, но напомена дека таа ќе има слична структура, како и ваквите документи за останатите земји од регионот. Во врска со можноста со неа да бидат опфатени и добрососедските односи со Бугарија, Жбогар посочи дека добрососедските односи се важен елемент од процесот на проширување.

„Тоа е потврдено и дел од одлуката на Европскиот совет од март. Потребата од продолжување со спроведувањето на договорите постигнати со соседите и постојаниот развој на добрососедските односи секако дека ќе биде адресирано во преговарачката рамка“, изјави Жбогар.

Тој нагласи дека еврокомесарот за проширување Вархеји потврдил дека преговарачката рамка ќе биде објавена во јуни и верува дека сè уште стои на овој датум.

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот на конференција на Европскиот политички центар оваа недела изрази надеж дека првата Меѓувладина конференција ќе се одржи наесен. Со неа де факто се означува отпочнување на преговорите за членство со Унијата и отворање на првото поглавје.

„Многу бев незадоволен што некои угледни земји членки на ЕУ ја потценуваат улогата на Западниот Балкан во мирот и стабилноста на Европа. Наш заеднички интерес е да го стабилизираме Западниот Балкан“, рече германскиот министер за Европа чија земја од 1 јули го презема претседавањето со ЕУ од Хрватска.

Северна Македонија по 15 години кандидатски статус и со над десет последователни препораки на ЕК за отворање преговори, на 26 март оваа година од Европскиот совет доби зелено светло за почеток на преговори.

„Европските лидери постигнаа политички договор за почеток на преговори со Европската Унија за Северна Македонија и за Албанија. Ова е признание за значајните реформи направени од страна на двете земји кои покажаа силна политичка волја за продолжување на патот до ЕУ“, објави тогаш хрватското претседателство со ЕУ.

ЕК ЕУ Македонија Преговарачка рамка членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.