Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Севернокорејски мистерии: Едно писмо и воз како сигнали за состојбата на Ким Џонг Ун

0
By Нова ТВ on April 26, 2020 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека светот со внимание ја следи здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, државниот весник „Родонг шинмун“ објави текст за негово писмо во кое изразува благодарност до градежните работници кои се ангажирани на модернизација на градот Самјијон. Возот на Ким, пак, е виден во близина на неговото луксузно одморалиште. Какви сигнали емитуваат овие два момента за „Врховниот водач“ на најзатворената држава во светот?

Последните денови се појавија информации дека Ким Џон Ун бил подложен на кардиоваскуларна операција и оти по зафатот се наоѓа во „вегетативна состојба“, но таквите наводи се непотврдени. Агенцијата „Тас“, сепак, го цитира државниот весник „Родонг шинмун“ за писмото на лидерот со благодарност до градежниците за активностите за модернизација на родниот град на неговиот татко Ким Џонг Ил кој владееше со земјата.

„Врховниот водач Ким Џонг Ун се заблагодари на работниците кои искрено и со срце дадоа придонес во создавањето на графот Самјијон“, пишува весникот не наведувајќи детали кога е напишано писмото и каде се наоѓа Ким.

Во истовреме, дел од светските медиуми пренесуваат дека сателитски снимки „го фатија“ 250 метри долгиот воз што го користи Ким Џон Ун во близина на неговото одморалиште „Вонсан“ во елитниот дел на источниот брег на земјата. Додека дилемите „каде е севернокорејскиот лидер и дали е жив“, снимките сугерираат дека го посетил луксузниот комплекс што беше изграден во 2014 година.

„Комплексот „Вонсан“ содржи девет големи пансиони, спортски центар, стрелиште, покриено пристаниште што веројатно служи за јахта, итн. Во централниот дел има голема зграда што беше подигната набрзо откако Ким ја презеде власта во 2014 година“, пишува британски „Дејли Мејл“.

Ким Џонг Ун не е појавен во јавност од 11 април и одржаниот состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја. Четири дена подоцна не присуствуваше ниту на церемонијата на одбележување на роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основач на државата.

Власта во Северна Кореја ја презеде, речиси, без политичко и воено искуство, во земјата има статус на божество и многу детали од неговиот живот се непознати, па дури и датумот на неговото раѓање.

Ким Џонг-ун е најмладиот син на Ким Џонг Ил и неговата трета сопруга Ко Јонг Хуи. Роден е во 1983 година или 1984 година, студираше во Швајцарија, а по враќањето во Северна Кореја продолжи да се образува на Воената академија.

Првото појавување во јавност го имаше на 15 април во 2012 година кога одржа говор по повод стогодишнината од раѓањето на неговиот дедо, основач на Северна Кореја, Ким Ил-сунг. Тогаш јавно ја поддржа доктрината „војската на прво место“ и вети дека „засекогаш поминало“ времето кога некој може да се заканува на Северна Кореја. Под негово водство продолжи севернокорејската нуклеарна програма.

Малку детали се познати и за неговиот семеен живот. Од 2012 година, Ким во јавноста се појавува со Ри Сои Ју. И за неа се знае малку, се претпоставува дека била пејачка и се шпекулира дека „Врховниот водач“ со неа има една ќерка.

Ким Џонг Ун во 2017 година лансира неколку проектили за кои тврдеше дека се интерконтинентални балистички ракети кои можат да погодат цели во САД. Тоа доведе до тензии со Вашингтон и зголемени санкции од Обединетите Нации (ОН). Во 2018 година презеде повеќе дипломатски активности и оствари средби со претседателите на САД, на Јужна Кореја и на Кина.

Во своето новогодишно обраќање, неочекувано понуди помирување со Јужна Кореја, истакнувајќи оти е отворен за дијалог и најави испраќање на национален тим на Олимписките игри во Пјонгчанг што се одржаа во февруари во 2018 година. Тоа, меѓудругото, резултира заеднички настап на севернокорејски и јужнокорејски спортисти на ЗОИ 2018 и под едно знаме.

Два месеца по Олимпијадата, Ким Џонг Ун се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин во селото Панмунџон во демилитаризираната зона меѓу двете земји, при што беше потпишана Декларација за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за официјално потпишување на договор за крај на Корејската војна (1950-1953).

Истата година Ким Џонг Ун побара подобрување на односите со САД, а во април се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур. Севернокорејскиот лидер притоа вети запирање на ракетните и нуклеарни тестирања во замена во замена за укинување на санкциите, но остана цврст на ставот за продолжување на нуклеарната програма. Односите помеѓу САД и Северна Кореја се влошија откако администрацијата на Трамп одби да ги укине санкциите кон Пјонгјанг се додека во целост не се откаже од нуклеарната програма.

Ким во јануари оваа година изјави дека се откажува од ветувањето за прекин на вооружувањето и се закани дека „светот ќе биде сведок на ново стратешко вооружување“. За негова можна наследничка се споменува помладата сестра, која во последните две години го придружуваше на патувањата и на собирите. Но, исто така се спомнува и неговата тетка Ким Кјонг Хуи, која не се појавува во јавност откако Ким нареди да се убие нејзиниот сопруг.

воз дилеми здравје Ким Џинг Ун писмо Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.