Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарена револуција: Власта тактизира, но ние нема да се опуштиме

0
By Нова ТВ on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2016 21:44

Катапултираните топки со боја на Шарената револуција завршија врз Собранието, веднаш по одлуката на пратениците внатре  во законодавниот дом да се прифати  Иницијативата на ДУИ и да направат промени во Изборниот законик, со што се поништи датумот за избори на 5. јуни

Ова е мала победа, но нема опуштање, порачаа демонстрантите, чие барање меѓу останатите беше и одложување на јунските избори. Со водечки транспарент „Нема да ви помине“, демонстрантите ја прашаа полицијата кого брани, со оглед на тоа што Парламентот беше опколен од полицајци и специјалци.

Демонстрантите во своите говори порачаа дека Уставниот суд допрва ќе треба да ја докажува својата автономност во одлучувањето, а владините функционери невиноста за делата за кои се теретат, бидејќи граѓаните, без оглед на честите промени на политичката ситуација, нема да отстапат од улица се до целосно исполнување на нивните барања.

-Таа кариктура од институција наречена Уставен суд за прв пат направи реален чекор. Судии и судијки, знаеме дека сте партиски послушници, се надевам дека оваа одлука е резултат ан вашата волја, но не заборавајте дека допрва треба да се произјасните и за Иницијативата за Специјалното обвинителство! Предмалку Собранието го избриша датумот 5. јуни за избори, но тоа не значи дека треба да се опуштиме.НЕ. Се решија да направат уште еден чекор.

Министрите од СДСМ поднесоа оставки поради закажаните еднострани избори. Сега кога таквите избори се одложуваат, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прифатија оставките, па ги одложија изборите. Па дали сте вие нормални? Господине Иванов, дали овој месец и нешто ви личи на мир и стабилност каква што нaјавивте?, рече активистот Павле Богоевски во својот говор пред Собрание.

Адвокатот Мирослав Вујиќ, во своето обраќање пред демонстрантите порача дека не може право да се дообјаснат потезите на владејачката гарнитура.

-И на малите деца им е познато какво право и каков Уств почитуваат – Уставот на Груевски. Тој ја турна земјата. Ова е последниот бедем, каде нема да дозволиме земјата да ја турнат, затоа што друга немаме. Ќе има и одговорност, и оставки, и избори но, на демократски и фер начин, со прочистен Избирачки Список, дотогаш само ова ни преостанува, порача Вујиќ.

По завршувањето на седницата и пратениците на опозицијата се приклучија на Шарената револуција. Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов посочи дека СДСМ утре ќе поднесе Иницијатива до Собранието за  автентично толкување на Законот за помилување, со што според него, ќе се направи тест за сите пратеници од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, за тоа колку се чесни во своите ставови дека бараат повлекување на аболицијата од Иванов.

Граѓаните обединети под Шарената револуција преку протести со бојадисување на државни институции повеќе од еден месец бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

Демонстрантите порачаа дека иако две од барањата веќе се исполнети, тие остануваат на улиците, се додека, како што велат, не издејствуваат конечна и целосна правда.

Инаку вечерва, освен во Скопје, протести се одржаа и во Тетово, Неготино, Битола, Радовиш, Прилеп и Гевгелија.

#Шарена револуција аболиција протестирам Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.