Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Шарените“ до власта: Одговорност, затвор и конфискација

0
By Нова ТВ on June 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2016 22:02

Нема да запреме се додека не се понесе одговорност, додека не завршат во апсаана и додека не се конфискува имотот, порачаа на денешниот протест учесниците на Шарената револуција.  Фокус на денешниот протест  беа нарачаните над 50 уметнички слики со позлатени рамки на високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ за нивниот партиски штаб – сторија која ексклузивно ја објави НОВА.

Шарена револуција: Гоблен со сликата на ВМРО-ДПМНЕ зад решетки

Демонстрантите носат гоблен со урамена сликата на раководството на партијата, но зад решетки, а главниот транспарент кој ја предводеше колоната беше со слоганот „Нашата уметност е бесплатна“.

13318978_1121407164567561_990162906_n

Балоните со боја и денеска завршија кон Собранието и Владата, а пред присутните говори одржаа демонстранти од различна генерација. „Командосите“ пак на Шарената револуција добија ордени за заслуги пред граѓаните.

-Дали знаете дека со секој поминат ден нивната сметка во банките е се појака, дали знаете дека и денеска повторно не задолжија, дали знаете дека додека ние протестираме, они прават планови за некој парк за мајмини во Аеродром. Па зошто и ги трошат парите за парк на мајмуни кога си имаме вакво Собрание? Да ги поставевме тие мајмуни во Собранието, сега ќе бевме на нула, а не во зијан. Освен мајмуни и луѓето има уште една класа, а тоа се нелуѓето – токму тие прават криминал. Затоа на сите криминалци и нивните помагачи ќе им кажам три збора,а  тоа е одговорност, апсаана и конфискација,  рече Марјан Ненов, кој напомена дека година ипол протестира против Регулаторната Комисија за енергетика.

-Ти Груевски не мотивираше да се бориме за подобра иднина, ти ја крена оваа генерација на нзое и ни даде шанса да увидиме дека моќта е во наши раце, ние сме твојот крај, а крајот ти тропа на врата. Ме радува што ако продолжиме вака, оваа беда никогаш повторно нема да не снајде. Доста беше едноумие, дојде време на шареното, дојде време на слобода, праведна Македонија од која нема да сакам да си одам – нема правда, нема мир, порача демонстрантката и студентка Александра Филипова.

Говор пред граѓаните одржа и потпретседателот на СДСМ Алексндар Кирацовски, кој ги охрабри демонстрантите да ја продолжат битката.

-За Груевски ќе одлучуваат судии, за Македонија слободните избори, посочи Кирацовски.

Граѓаните обединети под Шарената револуција веќе осум недели преку протести бараат повлекување на целосната одлука за аболиција и оставка на Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

Се до исполнување на овие барања, тие најавуваат дека нема повлекување од улица, а освен бојадисувањето на објекти најавени се и други форми на притисок кон власта.

#шаренареволуција боја демонстранти командоси протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.