Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шефот на кабинетот на малтешкиот премиер поднесе оставка

0
By Нова ТВ on November 26, 2019 СВЕТ
Фото: maltatoday.com.mt
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат денеска изјави дека неговиот шеф на кабинет, Кеит Шембри поднесе оставка поради истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруна Галиција. Шембри поднел оставка по најавата на полицијата дека ќе сослушува повеќе лица во врска со случајот додека Мускат истакна дека не му се познати детали за испрашувањето на Шембри во полиција.

„Не знам дали е испрашуван и за што е испрашуван“, истакна Мускат.

Шембри беше под притисок да поднесе оставка откако минатата недела беше уапсен бизнисменот Јорген Фенеч, за вмешаност во убиството на новинарката Каруна Галиција во Валета во 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив.

Во 2018 година беше откриено дека Фенеч поседува фирма во Дубаи, додека Шембри и малтешкиот министер за туризам, Конрад Мизи поседуваат оф-шор компании. „Тајм оф Малта“, пак, објави дека Шембри е поврзан со коруптивни договори. За убиството на Каруна Галиција досега се осомничени три лица.

Мускат се соочува со најтешката криза за време на неговиот мандат. Јавноста од него бара повлекување од функцијата, а истото го бара и од министерот за туризам, Конрад Мици. Веќе е уапсен и наводниот „мозок“ и нарачател на атентатот, бизнисменот од највисок профил, Јурген Фенек. Но, паѓањето на Владата, засега не е извесно, барем не додека процесот не добие завршница преку судска постапка.

Фото: tvm.com.mt

Првата битка Премиерот ја доби во понеделникот попладне. Неговата Лабуристичка партија, на тајно гласање, му ја даде максималната поддршка за следниот период. На ова „гласање за доверба“ во својата партија инсистираше самиот премиер, по се` погласните барања деновиве за оставка, од страна на опозицијата и демонстрантите кои излегоа викендов пред Парламентот.

Оваа изгласана доверба, сепак, го опфаќа само делувањето на премиерот, но не и компромитираните двајца негови соработници, министерот за туризам, Конрад Мици и шефот на неговиот кабинет, Кит Шембри. За нив двајца дури и самите лабуристи, внатре во партијата, има поделени. Едни се разрешување, а други против. Токму тие двајца, се шпекулира, дека се наводно вмешани во целиот тој хаос што настана по апсењето на еден од најголемите бизнисмени во Малта како главен „мозок“ на целата таа операција која заврши со атентат врз новинарката Дафне Каруана на 16 октомври 2017 година.

Дафне Каруана Галиција, низ своите новинарски текстови и истраги ја разоткри, но не успеа и низ правниот систем да го канализира процесот и во судска постапка да ја докаже „корумпираноста, митото и перењето на парите“ на компании што беа поврзани со двајцата соработници на премиерот, преку дотогаш, „непознатата“ компанија „17 Блек“ (н.з. „17 Црно“) со седиште во Дубаи, во која никој не знаеше кој е сопственикот.

„Панама Пејперс“ беа само уште една пропратна точка на префлување на парите на голем дел од тие компании што Дафне ги разоткри и ги публикуваше. По, нејзината смрт, во 2018 година преку протекување на информации од разни мејлови, се дозна дека токму таа компанија во Дубаи е сопственост на Јурген Фенек и клопчето потоа многу бргу почна да се одмотува. Токму од тој момент, стануваше се` поголем притисок кон Лабуристичката Партија која е на власт за оставка на Владата и распишување на предвремени избори.

Дафне Каруна Галиција Кеит Шембри Малта новинарка оставка убиство Џозеф Мускат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.