Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Да го видам јунакот кој ќе ги поништи гласовите за НАТО во Собранието

0
By Нова ТВ on February 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 12, 2020 12:06

За една година од потишувањето на Протоколот за прием во НАТО добивме 28 ратификации, за многу кратко време нашето членство ќе биде заверено и ќе удриме печат за нашето постоење како независна, суверена и просперитетна држава. Ќе бидеме дел од семејството од безбедносниот чадор кој штити една милијарда луѓе. Ова го истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по повод ратификацијата на Североатлантскиот договор за кој, меѓу другото, рече дека многу значи во однос на бројките во Армијата, чии припадници први ги почуствувале бенифитите преку платите, условите за работа и перспективата во војската.

Во однос на ширењето на лажни вести и скептицизмот од Алијансата, Шекеринска цитираше одредба од вчера потпишаниот Договорот со НАТО кој посочува дека страните во Договорот се решени да ја чуваат слободата, заедничкото наследство, цивилизацијата на своите народи засновани на принципите на демократија, индивидуалната слобода и владеење на правото. Министерката рече дека опозицијата веќе го поддржала законот за служба во Армијата и дека не би требало да има пречка и за поддршка на законот за одбрана.

„Вчера се уверивме дека во Парламентот гласаа сите, вклучително и колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Се прашувам кој утре или задутре, повторно ќе заговара рушење на Преспанскиот договор и поништување на нашето членство во НАТО. Баш би сакала да го видам јунакот, кој по ваков консензус, да ги поништи вчера дадените гласови во парламентот и оној кој ќе се дрзне да го поништи најголемиот успех од независноста до денес“, истакна Шекеринска.

Министерката рече дека очекува Собранието да не потклекне пред задачата што ја има за донесување на Законот за одбрана. Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ со пет-шест пратеници го поддржа законот за служба во Армијата каде е сменето името „Армија на Република Македонија“ со името „Армија на Република Северна Македонија“ и дека сега немаат никакво алиби и оправдување да го не поддржат законот за одбрана кој, според неа, покажува на кој начин ќе се вклучиме во колективната одбрана.

Шекеринска додаде дека, според информациите од Шпанија, тамошниот Парламент можно е да го ратификува договорот на почетокот од март оваа година и дека нашата Влада се подготвува врз основа на тие информации.

гласање НАТО Протокол Радмила Шеќеринска Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.