Министерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски прави уште еден обид за целосна амнестија преку барањето за амнестирање на насилниците од 27 април.

– Мислам дека Груевски ги користи луѓето кои го спроведоа 27 април како заштита, како штит за својата одговорност. Груевски вели дека ќе бара амнестија за 27 април, меѓутоа мислам дека неговата вистинска цел е да го направи тоа што не му успеа минатата година, а тоа е да бара генерална амнестија за сите случаи коишто се поврзани со СЈО. Првиот пат тоа се обиде да го направи преку Иванов, сега сака преку нас да го направи. Тој не се бори за своите партиски колеги, туку само за себе, рече Шекеринска во емисијата 360 степени на Алсат М.