Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави утрово заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, од хотелот „Александар палас“, каде што американската амбасада организираше следење на резултатите од гласањето, објави Плусинфо.

„Резултатите покажаа дека и покрај големата медиумска поддршка и покрај сите предвидувања, волјата на граѓаните не може да се заобиколи“, рече Шекеринска додавајќи дека се надева на промени и кај нас.