Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on May 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Згрозен сум од Наќе Чулев. Згрозен како човек затоа што станува збор за личност која очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за вчерашниот инцидент на Вардариште каде беа претеапни двајца инспектори на Град Скопје, а едниот заврши во болница, во потешка здравствена состојба.

„Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите кои би ни обезбедиле нормала, во смисла и на попуштање на епидемијата. Јавното негово декларирање дека нема да казнува, придонесува луѓето да добијат сила за таква анархија како што вчера се случи и со официјалните лица на Град Скопје – инспектори да бидат нападнати“, рече Шилегов, додавајќи дека случајот го пријавиле во Полициската станица Гази Баба, а напаѓачите ги имаат фотографирано.

Шилегов очекува полицијата, конечно, да се разбуди.

„Наќе Чулев треба да престане да се однесува како евтин платеник на Мицкоски и на ДПМНЕ. Бидејќи очигледно е, за сите здраворазумни луѓе во нашава држава, дека политичката агенда на Чулев, еве да не биде и на ДПМНЕ, но јас лично сум убеден во тоа, е да се загрози здравствената и економска состојба во државата со цел да направат некаков ситен профит, евентуален, во изборите кои, сакале или не, ќе ни се случаат оваа година“, рече Шилегов.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, како што рече, мора да се разбуди, ако воошто има совест како човек и да почне да работи. За Шилегов, неприфатливо е на грбот на нечии животи, на грбот на здравствената состојба на народот, нацијата и државата, како што рече, да се прават политички поени.

„Тоа е недозволиво и срамота. Тоа што го прави Наќе Чулев е елементарно домашно невоспитување“, рече Шилегов.

Прашан како во иднина ќе работат инспекциските служби на Град Скопје ако немаат поддршка од полицијата, Шилегов рече дека овие служби нема да престанат да работат. Тој потсети дека пред да дојде пандемијата со коронавирусот, тоа, според него, беше една од најдобрите служби во Градот и конечно почнавме да ставаме ред во градот.

„Очигледна е агендата дека се сака со непомагање на функционирањето на институцијата Град Скопје да се девалвира работата или на градоначалникот или на СДСМ. Кому му е потребна власт ако тоа чини човечки животи?“, запраша Шилегов.

Вардариште инспектори Инцидент Македонија МВР Наќе Чулев Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.