Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска најави дека за 24 месеци ќе има нов мост во должина од 120 метри на булеварот „АСНОМ“, кај хотелот „Русија“.

– За проектот е предвидено пробивање и продолжување на нов булевар во должина од 2.107 метри, од хотелот „Русија“, преку Вардар и населбата Керамидница до Скопски саем, рече на денешната прес-конференција Шилегов.

Проектот ќе чини од 7,5 до 8 милиони евра.

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираше дека Шилегов ги копирал проектите на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, бидејќи изградба на нов мост кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Керамидница бил проект од програмата на Коце Трајановски за локалните избори од 2017 година.

-Безидејноста на Шилегов и немањето на план за работа, го покажува и фактот што во својата изборна програма истиот, нема предвидено изградба на ваков мост, туку единствено изградба на пешачки мост над реката Вардар, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.