Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ мoлат по Европа за амнестија

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2017 09:03

Ако на ВМРО-ДПМНЕ му понудиме Закон за амнестија, одеднаш ќе исчезнат тиранската платформа, народот од улица и кризата во Македонија, изјави портпаролот и пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов за ТВ 21.

Тој во дебатната емисија „Клик плус “, каде беше единствен гостин бидејќи повиканиот од ВМРО ДПМНЕ не се појави, нагласи дека Иванов и Вељаноски ги кочат демократските процеси во земјава.

-Девет дена ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот Илија Димовски да стане претседател на Комисијата за именување, што е апсурд сам по себе. Прво условуваа, 5 дена стоевме во место кога започна нашето барање за продолжение на Конститутивната седница, затоа што самиот тој посака да биде нејзин претседател, вели Шилегов.

Според Шилегов, нема дилеми во однос на разните толкувања на членовите на Деловникот за работата на Собранието.

-Нема рази толкувања, се е јавно во Деловникот, но ВМРО-ДПМНЕ упорно се обидува да даде поинакви толкувања. Ние не се согласивме и со тоа Вељаноски да биде претседавач на конститутивната седница. Вељаноски треба да покаже минимум професионално достоинство и да се врати во пратеничките клупи, а да остави со седницата да претседава најстариот пратеник. Би требало да најде сила и да се повлече. Ова е апсурдна ситуација. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ мoлат по Европа да бидат амнестирани нивните функционери. Целата држава е заложник на педестина криминалци, рече тој.

Шилегов, меѓу другото, најави и дека СДСМ ќе направи генерален реизбор на судството, бидејќи тоа се „препартизира“.

-Затоа ќе бараме генерален резибор на судиите. Судството сега е партизирано и без професионален интегритет. Ако ние денеска на ВМРО-ДПМНЕ му понудиме амнестија, ќе исчезне платформата, ќе исчезнат протестите…“, изјави Петре Шилегов во емисијата Клик плус на ТВ 21.

амнестија Вељаноски ВМРО-ДПМНЕ Иванов Собрание Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.