Серена Вилијамс, Енди Мареј и Рафаел Надал го потврдија учеството на Австралија опен, соопштија организаторите на првиот гренслем во секоја календарска година.

Настапот во Мелбурн ќе биде прв за американската тенисерка по контроверзното финале на Ју-Ес опен против Наоми Осака.

Британецот, пак, одлучи да ја искористи можноста за заштитен рејтинг и, исто така, да заигра за трофеј на турнирот.

За настапот на Шпанецот, кој е надвор од тениските терени од септември, објави Крег Тајли, директор на Австралија опен.

„Разговарав со Надал. Тој го потврди учеството и има намера да се врати во својата препознатлива форма, изјави Тајли.

Австралија опен во 2019 година ќе почне на 14 јануари и ќе трае до 27 во месецот.