При удар на гром рано утрово на Јадранско море, кај Гребаштица, смртно настрада 61 годишен маж, потврдија од полицијата во Шибеник.

Полициски извори истакнаа дека утрово во 6:32 часот е примена дојава дека едно лице што се наоѓало во брод на море го удрило гром. Второто лице на возраст од 62 години кое, исто така, било на бродот е превезено на преглед во болницата во Шибеник.