Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на ФЕНИ против стечај: Барањата на банките се нереални

0
By Нова ТВ on October 31, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2017 09:32

Банките поставуваат нереални барања за гаранции до бугарскиот инвеститор, рече доцна синоќа во изјава за медиумите Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација во „Фени индустри”.

Тој рече дека заедно со транспортерите имале состанок со вицепремиерот Кочо Анѓушев и се договориле во наредните денови да му дадат можност на бугарскиот инвеститор „Енекод” да ја дефинира понудата спрема банките и останатите доверители.

– Со оглед на тоа дека се работи за огромна сума на средства, кои не се наоѓаат преку ноќ, од страна на банките до бугарскиот инвеститор се поставуваат нереални барања за гаранции. Такви гаранции можат да издадат само неколку банки во светот, се со цел „Енекод” да се откаже од купувањето на „Фени”. Бугарскиот инвеститор веќе потпиша договор за купување на “Фени” и тој договор е во сила. Исто така, поднесени се документи до Централен регистар за назначување на бугарскиот инвеститор за преземање на директорските функции во „Фени индустри, соопшти Палитов.

Во целиот случај, според него, се работи за лични интереси на одделни моќници во државата.

– Бугарскиот инвеститор не е откажан од „Фени”, само се прават манипулации да се откаже. Целата игра се игра од банките кои инсистираат фабриката да се продаде на швајцарскиот фонд, кому не знаеме кој му е сопственик, а зад кој имаме сознание дека стојат бивши директори на „Фени”, за кои има и активни кривични пријави. Имаме сознанија дека бугарскиот инвеститор во петокот бил изманипулиран од банките, кои до 16:30 часот не му пуштиле одговор за понудата која ја имал дадено, за да не може да пушти плата на вработените во „Фени”. Лично ја читав понудата од „Енекод” до банките со која во рок од триесет дена се обврзува да вложи 15 милиони долари, а остатокот да се исплатува на рати. „Енекод” побара и дополнителен рок од шест дена да ја зголеми и оваа понуда и ги презема сите долгови, нагласи Палитов.

Смета дека треба да му се даде можност на бугарскиот инвеститор да ја преземе целата фабрика.

– Сакам да напоменам дека банките не можат и нема да дозволиме да одлучуваат за судбината на илјада вработени и уште толку доверители во „Фени”. Банките преку камати во последните 16 години имаат наплатено најмалку колку што е долгот во моментов, додека вработените, транспортерите и другите доверители имаа вложено пари од сопствените џебови. Сега не можат да си ги наплатат, а камоли да наплатат камати, како што тоа го прават банките овие 16 години. Сега нема да дозволиме банките покрај сите пари кои ги имаат наплатено од „Фени”, повторно да одлучуваат за судбината на „Фени” и на сите доверители, рече претседателот на синдикалната организација.

Синдикатот, додаде, нема да прифати стечај. Информираше дека со штрајкови ќе ги блокираат и судот и банките.

Појасни дека на тричасовна средба со Анѓушев тој им тврдел дека Владата ќе се заложи за да не дојде до стечај во „Фени индустри”. Само што стигнале во Кавадарци, биле известени дека банките побарале стечај за „Фени”. Тоа многу ги изреволтирало. Нагласи дека не можат да прифатат стечај.

Најави дека денеска ќе одржи состанок со Одборот на синдикатот и со сите вработени и ќе одлучат за понатамошните активности.

Како што објави НОВА, Комерцијална банка, Силк роуд (поранешна Алфа банка) и А.Д. Стопанска банка како банки најголеми доверители на ФЕНИ Индустри Кавадарци, вчера дале предлог до надлежниот суд за отворање на стечајна постапка „во најкраток можен рок, со продолжување на активностите на ФЕНИ индустри, за да се изврши реорганизација и да се изнајде сериозен инвеститор кој што ќе може да ги преземе и сервисира обврските на ФЕНИ индустри кон вработените, банките и другите доверители“. Ова беше кажано на денешниот брифинг во Владата помеѓу банките и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Генералниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов, информираше дека долговите на ФЕНИ кон банките кредитори изнесуваат 40 милиони евра, додека 20 милиони евра компанијата им должи на други доверители како локалните транспортери, добавувачи итн.

Костов истакна дека во нивен интерес не е затворање на ФЕНИ, туку отворањето на стечај ќе значи ангажман за итно наоѓање на инвеститор кој што ќе може да ја продолжи работата на компанијата и да ги исплати долговите кон доверителите.

На 20 октомври претседателот на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски соопшти дека фабриката ја презема бугарската компанија Енекод и дека нема да оди во стечај, а сите работници ќе останат со статусот што го имаа. На состанокот присуствувал и вицепремиерот Анѓушев.

 

банки Комерцијална Силк Роад Синдикат стечај Стопанска банка Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.